
“Дали вегетаријанците имаат вкус како лажното месо од соја?”, напишал канибалот Григориј Хејл на својот Фејсбук прифил пред злочинот.
Сатанистот Григориј Хејл (37) и признал на полицијата дека ја убил и изел Лиза Хајдер, која ја запознал само еден ден порано.
Овој канибал од Тенеси оставил серија вознемирувачки пораки на Фејсбук пред да го стори кривичното дело, за кое тој беше уапсен во неделата во куќата на своите родители, според Huffington Post.
Меѓу другото, тој се прашувал дали “Вегетаријанците имаат вкус како лажното месо од соја?” И се довери дека прифаќа луѓе кои ги мрази “за да дознае колку дупки да се ископаат во дворот.”
Неговиот Фејсбук профил е затворен за сите оние кои не се негови пријатели, полн со слики и со описи за болни убиства и оружје, според The Huffington Post. Григориј позирал со голем месар нож во рацете и со црна маска на лицето. Често се исмејувал на сметка на канибализмот и го прославувал серискиот убиец Ричард Рамирез, познат по прекарот ноќен борец.
Хејл некое време работел во месарница, а неговите поранешни колеги, кажуваат дека тој постојано носел дома коски, крв и очното јаболко од животните.
Соседите го нарекувале “Болен” и “Сатанист”.
Лиза ја убил и ја распарчил. Нешто изел, а потоа прашал еден пријател за да му помогне да се ослободат од остатокот од телото. Шокираниот човек ја повикал полицијата, која го уапсила. Судењето започнува на 23 јуни, а Хејл е обвинет за убиство од прв степен и сквернавење на леш.
httpv://www.youtube.com/watch?v=cNic0lHsC9E