Видеото што го расплака светот: Ова е почетокот на “ледениот предизвик“!

popara26 август, 20141min00
Видеото што го расплака светот: Ова е почетокот на “ледениот предизвик“!

Ентони Кербахал направил видео со кое сакал да апелира до народот да им помогнат на луѓето кои боледуваат од амиотрофична латерална склероза. За жал, овој млад маж од само 26 години пред неколку месеци дознал дека боледува од оваа болест, а се плаши бидејќи знае што го чека, зошто со години живее со мајка си која боледува од истата болест, а и неговата баба починала од овој редок вид на склероза.
Ентони својата приказна ја започнал на мошне шеговит начин, имитира спот на Мајли Сајрус каде во боксерици мие автомобил, потоа во продолжение следува неговата исповед која го расплака целиот свет. Тој признава дека многу е исплашен, а исто така на снимката се наоѓаат и ситуации низ кои тој секојдневно поминува со болната мајка.
Погледнете како овој маж се соочува со неизлечивата болест и која всушност е целта на ледениот предизвик.

httpv://www.youtube.com/watch?v=h07OT8p8Oik