Вин Дизел докажа дека е акциска ѕвезда, но и тоа дека танцот не му оди така сјајно.
Всушност, холивудскиот мачо се снимал како игра на песните на Бијонсе и Кети Пери.
Актерот имитира танцување на робот, лижење на усните, па дури и пеење. Видеото долго 7,5 минути го објавил на својот Фејзбук профил, покажувајќи како настапите на овие две пејачки го маѓепсале.
Првата песна со која ја промовираше својата неумешност во танцувањето е “Dark Horse” од Кети Пери, а другата “Drunk Love”, која ја изведува Бијонсе.
http://www.youtube.com/watch?v=lDgBPaLeI98