Вистината и заблудите за женскиот оргазам!

popara24 јануари, 20141min00
orgazam

Сите жени копнеат по стимулирање на Г-точката за оргазам

Навистина некои жени копнеат по стимулација на Г-точката, но кај повеќето тоа може да резултира како неугодно чувство. Кај некои жени, стимулцијата на ова место може да предизвика чувство за мокрење, а тоа не е многу забавно за време на сексуален однос. Покрај тоа, кај некои жени може да се појави и болка, додека на некои толку им смета што можат да ја изгубат желбата.

секс

На жената ѝ е потребен искусен партнер за да доживее оргазам

Главната одговорност за оргазам сепак ѝ припаѓа на жената, без разлика дали мажот себе си го припишува врвот на задоволство. Нормално е што жената има проблеми со достигнување на вагинален оргазам, но токму тука е местото на клиторисот. Жената значи може да постигне клиторичен оргазам иако има партнер со ограничено искуство и знаење.

Трудот на мажите е дефинитивно корисен, но доколку жената не може да сврши, треба единствено себеси да се обвинува. Ако жената спаѓа во оваа категорија, без разлика колку и да е вешт мажот, нема да ѝ овозможи оргазам.

Жената треба да постигне оргазам за да ужива во сексот

Поради самиот секс, жените се чувствуваат убаво без разлика дали свршиле или не. Искуството може да биде интензивно за неа кога е во комбинација со вистинската доза на интимност, бидејќи прегратките и бакнежите се понекогаш подобри од сето тоа што го имате видено во филмовите за возрасни.

Вагиналниот оргазам е подобар од клиторичниот

Единствена разлика меѓу овие два оргазми е тоа што вагиналниот е вистинска реткост. Статистички гледано, 30% од жените никогаш не почувствувале вагинален оргазам, додека само 30 % имаа редовни вагинални оргазми.

Од друга страна, клиторичниот оргазам е совршено задоволство и токму поради тоа не треба премногу да размислувате доколку не сте искусиле вагинален.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag