И покрај тоа што во бранот од насилство настрадале нејзините пријатели, Лидија не сакала да се повлече од украинските улици.
– Стоевме близу до полицијата кога пријателката ме замоли да и помогнам да го пронајде пријателот кој е приведен. И реков да ми се јави малку подоцна и телефонскиот број и го кажав на глас, извикувајќи го во гужвата, опишува Лидија.
Во следниот момент нејзиниот телефон заѕвонел и на екранот здогледала порака од непознат број со содржина: „Омажи се со мене. Андреј”
Сфатила дека еден од полицајците кои стоеле наспроти неа, бил испраќачот на пораката.
Андреј, кој се плаши од отказ доколку го открие своето презиме, бил импресиониран од нејзината храброст.
Првиот состанок го организирале само неколку часа подоцна, на барикадите на Мајдан.
– Пораката ме изненади и не знам ни самата зошто се согласив да излезам со него. Мислев дека ќе можам да го убедам дека се наоѓа на погрешна страна. Не очекував дека ќе се заљубам во него, но кога започнавме да зборуваме, се случи баш тоа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=3WHURT-otiY