Вистинските причини за болести на срцето

popara16 мај, 20141min00
15

Како кардиохирург со 25 – годишно работно искуство, по извршените над 5000 операција на отворено срце, дојде време да го исправам она што не беше во ред со медицинските и научни факти. Многу години работев со други истакнати лекари, т.н.. креатори на мислењето –  креатори на јавното мислење. Бомбардирани со научна литература, постојано посетувајќи ги образовните семинари, ние креаторите на јавното мислење, инсистиравме на тврдењето дека срцевите заболувања се должат на повисокиот холестерол во крвта.

Единствената прифатена терапија беше пропишувањето на лекови за намалување на холестеролот и исхрана со многу ограничено внесување на масти. Оваа терапија природно ќе го намали холестеролот, како и самите срцеви заболувања. Отстапувањата од овие препораки беа земени во предвид како кривоверство и злоупотреба.

Но, ова не функционира!

Овие препораки не можат дури ни научно ниту морално да се оправдаат. Откритието од пред неколку години, дека вистинската причина за срцево заболување е воспаление во артериите, полека доведува до промена на парадигмата во начинот на лекување на срцевите и други хронични заболувања.

Одамна воспоставените препораки за исхрана доведоа до епидемија на дебелина и дијабетес, кои по смртноста, човечкото страдање и материјалните трошоци ја надминаа секоја друга чума во историјата на човештвото.

И покрај фактот дека 25 % од населението купуваат скапи статини (лекови за намалување на холестеролот) како и фактот дека сме го намалиле внесувањето на масти во нашата исхрана, сепак оваа година од срцеви заболувања ќе умрат повеќе Американци отколку било кога досега.

Статистичките податоци од американската здружение за срцето ( ) покажува дека 75 милиони Американци во моментов страдаат од срцеви болести, 20 милиони имаат дијабетес и 57 милиони имаат пред-дијабетес. Овие нарушувања секоја година влијаат на сите млади луѓе, во се поголем број.

Едноставно речено, без воспаление присутно во телото, не постои начин холестеролот да се насобере по ѕидовите на крвните садови и да предизвика срцеви заболувања и мозочен удар. Без воспаление, холестеролот слободно би циркулирал по целото тело онака како тоа го одредила природата. Воспалението е она што предизвикува холестеролот да остане во крвните садови.

Воспаление не е ништо комплицирано – тоа е само природна одбрана на телото против напаѓачи како што се бактерии, вируси или токсини. Циклусот (процес) на воспаление е совршен начин како да се заштити нашето тело од овие бактериски и вирусни напаѓачи. Меѓутоа, ако хронично го изложуваме телото на повреди од токсини или од храна за која нашето тело не е создадено да ја обработува, тогаш настанува состојба на хронично воспаление. Хронично воспаление (инфламација) е исто толку штетно, колку што е и корисно акутното (непосредно) воспаление.

Која внимателна личност доброволно би се изложувала на храна или на други супстанци за кои се знае дека предизвикаат повреди на телото? Па, пушачите можеби, но тие барем тоа го прават намерно и свесно.

Остатокот од нас едноставно ги следиме официјално препорачаната исхрана која е со ниско ниво на заситени масти, но многукратно богати со полинезаситени масти и јаглени хидрати, не знаејќи дека со тоа предизвикуваме повторно повреди на нашите крвни садови. Овие повторени повреди предизвикуваат хронично воспаление кое води кон срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и дебелина.

Дозволете ми да повторам: повредите и воспаленијата во нашите крвни садови се предизвикани од храна со премалку масти, која се препорачува од страна на водечките медицински кругови.

Кои се најголемите виновници за хронично воспаление? Мошне едноставно, тоа е прекумерната употреба на високо преработени јаглени хидрати (шеќер, брашно и сите производи направени од нив), како и прекумерната употреба на растителни масла богати со омега – 6, како што се маслото од соја, пченкарното и сончогледовото масло, кои се наоѓаат во голем број на индустриски преработени производи.

Одвојте малку време и замислете дека постојано се триете со четка по меката кожа, додека таа не стане црвена и речиси да прокрвари. Замислете дека ова го правите неколку пати на ден, секој ден, за пет години. Ако може да го издржите ова болна четкање, би имале крваво, потечено, инфицирана место кое станува се полошо со секое повторување на повредата. Вака би можело да изгледа воспалителниот процес кој можеби се случува во вашето тело – во моментов.

Без оглед на тоа каде воспалителни се случува – внатре или надвор – е сосема исто. Внатре видов илјадници и илјадници артерии. Заболените артерии изгледаат како некој да ја зел четката и да стругал по нивните ѕидови. Неколку пати на ден, секој ден, храната која ја јадеме создава мали повреди кои се претвораат во сериозни повреди и предизвикуваат телото постојано да одговара со воспалителен процес.

Шеќер, брашно и растително масло се причините за кардиоваскуларни болести.

Како јадењето на обични бисквити може да се создаде последователни  воспалителни процеси кои не прават болни?

Замислете ви се истури сируп на тастатурата и имаш слика на она што се случува во рамките на една ќелија. Кога јадеме јаглени хидрати, шеќер во крвта брзо се зголемува. Како одговор на тоа, панкреасот лачи инсулин, чија примарна цел е да се избрка  шеќерот во клетките, каде што се чува за енергија. Но, ако ќелијата е полна и нема потреба од гликоза (шеќер), го отфрла овој екстра шеќер. Тогаш, на шеќерот во крвта повторно се зголемува, создавајќи уште повеќе инсулин која гликозата (шеќер) ја претвора во маст.

Каква врска има ова со воспаление? Шеќерот во крвта има многу прецизна контрола. Вишокот на шеќерните молекули се врзуваат за различни протеини кои ги оштетуваат крвните садови. Ова повторено оштетување на крвните садови го започнува воспалителниот процес. Кога се пумпа вашиот шеќер во крвта на високо нивоа неколку пати на ден, тоа е како ако сте земале шмиргла и шмирглате од внатрешната страна на чувствителните крвните садови.

Иако ова не можете да го видите, бидете сигурни дека тоа е така. Сум го видел тоа кај повеќе од 5.000 пациенти во текот на 25  години,  за сите нив е заедничко – воспаление на артериите.

Да се вратиме на слаткото пециво. Овој десерт со невин изглед не само што содржи шеќер, туку се пече во една од многуте омега-6 масла, како што е соиното масло. Чипсовите и помфритите се натопени во соино масло, сите индустриски преработени производи содржат омега 6 масла поради продолжената трајност. Иако омега-6 есенцијалните масти се дел од секоја клеточна мембрана и контролираат она што се случува во и надвор од ќелијата – тие мораат да бидат во правилен сооднос со омега-3 мастите.

Ако овој сооднос се наруши од прекумерното внесување на омега 6, клеточната мембрана произведуваат хемиски соединенија, цитокини, кои директно го предизвикуваат воспалението.

Денес, американска прехранбена индустрија произведува екстремна нерамнотежа помеѓу овие две масти. Односот помеѓу омега 6 и омега 3 се движи од 15:1 до 30:1 што доведува до огромен количини на цитокини, кои предизвикуваат воспаление. Во денешни услови, соодносот од 3:1 би било оптимално за здравјето.

За да бидат работите уште полоши, вишокот килограми кои ги имате, а се должат на потрошувачката на овој тип на храна создава преоптоварени масни клетки кои лачат големи количини на воспалителни хемикалии (кои предизвикуваат воспаление), кое уште повеќе ги влошува повредите предизвикани од високиот  шеќер во крвта. Процесот кој започнува со слатко пециво во устата се претвора во еден волшебен круг кој со текот на времето доведува до срцеви заболувања, шеќерна болест и Алцхајмерова болест се додека,  воспалителниот процес продолжува со несмалено темпо на неодредено време.

Не можеме да избегаме од фактот дека колку повеќе индустриски процесирана храна консумираме, толку повеќе  го поттикнуваме создавањето на воспаление, од ден на ден Човечкото тело не може да ги преработи, ниту пак е дизајнирано да  консумира храна полна со шеќер и натопена со омега-6 масло.

Има само еден начин за сузбивање на овие воспалителни состојби, а тоа е ваќањето кон храната во нејзиниот изворен облик. За изградба на мускулите,  јадете повеќе протеини. Изберете јаглехидрати во форма на зеленчук и овошје. Намалете ги или целосно исфрлете ги воспалителните омега 6 масла, како што се:маслото од соја, сончоглед и пченка , како и храната која ги содржи.

Една лажица масло од пченка содржи 7280 mg омега 6, една лажица масло од соја содржи 6940 мг. Наместо тоа, користете маслиново масло или путер од тревопасни животни.

Животинските масти содржат помалку  20% омега 6 и веројатноста дека можат да предизвикаат воспаление е многу помала од наводно “здравите” полинезаситени масти. Заборавете на “науката” која со децении ни е повторувана . Научните докази дека заситените масти предизвикуваат срцеви болести не постојат. Научните докази дека заситените масти го подигнуваат холестеролот се исто така многу слаби. И бидејќи  сега знаеме дека холестерол не е причина за заболување на срцето, грижата за заситените масти станува сосема апсурдна.

Теоријата за холестерол доведе до препораките за намалување на маснотии во исхраната, што доведе до создавање на многу храна која предизвикува воспаление. Службената медицина направи страшна грешка кога ги советуваше луѓето да ги избегнуваат заситени масти и наместо нив да користат полинезаситени масла. Така, сега имаме епидемија на артериски воспаленија кои. доведуваат до срцев удар и други смртоносни болести.

Она што можеме да го направиме е да  изберете природна храна ,да ја подготвувате како вашата баба , а не на онаа кон која се насочила вашата мајка кога продавниците почнаа да нудат индустриски преработени производи. Преку елиминирање на воспалителната храна и консумирањето на есенцијалните хранливи материи од свежа непреработена храна, ќе ја поправите штетата  која со години ја предизвикавте  во вашите артерии низ целото тело со јадење на типична американска храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag