Благодарение на високиот коефициент за вложените 435 долари заработил околу 196.000 американски долари.
Обложувањето на кинеската тенисерка Ли На не изненадува со оглед на нејзините претходни пласмани кога два пати играше во финалето.
Она што изненадува е изборот на Вавринка за тенисерот на кој ќе ги вложи своите пари. Во машката категорија убедливо најголеми фаворити беа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но анонимниот среќлија сепак решил да се клади на тенисерот кој претходно не играл во ниту едно Грен слем финале.