Домашниот пудинг од банана е многу вкусен, но и многу полезен. Се користи против кашлица и болки во стомакот, бидејќи делува така што ги намалува белодробните и стомачните спазми.
За да го направите , потребна ви е една зрела банана која ќе ја испасирате или смелете во блендер. Во пирето од банана додадете една лажица мед и еден филџан топла вода. Оставете нека отстои 40 минути.
Против кашлица се конзумира по 100 мл од пудингот на секои 2-3 часа неколку дена. Пијалокот треба да се затоплува пред конзумација.
При болки во стомакот се конзумира по 1 чаша, 2-3 пати на ден, половина час пред оброк.