
Специјалните сили на италијанската полиција уапсиле денес во провинцијата Венето 24 лица осомничени за тероризам и разнишување на демократскиот систем, како и за производство на оружје.
Оваа криманална група направила оклопно возило тешко 40 тони, а било планирано да извршат напад на плоштадот Свети Марко во Венеција, веројатно во мај, за време на изборите за европскиот парламент. Возилото е запленето, а припадниците на оваа организација набавувале оружје преку организираните албански криминални групи, се вели во полицискиот извештај.
httpv://www.youtube.com/watch?v=IqaaJ-k5B5Q
