Врската меѓу бакнувањето и здравјето

popara17 февруари, 20141min00
vqq68gpdmqbyf8w4z1ic

Медицинските експерти тврдат дека бакнувањето е ефективен лек против многу болести. Еве што ќе подобрите кај вашето здравје, ако се препуштите на задоволството наречено француски бакнеж.

Долгото бакнување и кардиоваскуларниот систем. Бакнежите кои траат долго време, се добри за циркуларниот систем. Додека се бакнувате, вашиот срцев ритам се забрзува до 110 удари во минута. Тоа е одличен тренинг за кардиоваскуларниот систем.

Бакнувањето е превентива за болестите на белите дробови. По бакнувањето, белите дробови работат побрзо и вие вдишувате и издишувате околу 60 пати во текот на една минута. Во нормални услови вие тоа би го правеле 20 пати во минута.

Бакнувањето го подобрува денталното здравје. Некои експерти веруваат дека бакнувањето е ефективно средство за заштита од кариес. Навистина, бакнувањето го стимулира лачењето на плунка, која ги елиминира киселините од забите. Страсните бакнувачи се изложени на помал ризик од болести на непцата. Најдобриот лек за парадентозата е масажа на непцата.

Бакнувањето го редуцира стресот. Бакнежите кои траат подолго од 3 минути, помагаат против стрес. Долгото бакнување предизвикува редица биохемиски реакции, кои ги редуцираат хормоните за стрес.