WhatsApp e најбезбедната апликација за комуникација

popara20 ноември, 20141min00
18

Најновата верзија на популарната апликација „WhatsApp“ донесе една многу изненадувачка можност. Станува збор за „end-to-end“ енркипција, односно најбезбедниот начин за размена на пораки која една апликација за допишување може да им ја понуди на своите корисници, а таа на сите автоматски ќе им биде вклучена.

„WhatsApp“ се здружи со компанијата „Open Whisper Systems“ со цел оваа идеа да ја претвори во реалност. Засега не е познато кога оваа опција ќе биде достапна за „iOS“ корисниците, но со оглед дека таа веќе се појави на „Android“, тоа е многу голем успех поврзан со безбедноста на корисниците.

„End-to-end“ енкрипцијата значи дека ни самата компанија „WhatsApp“ нема да може да ги дешифрира пораките кои корисниците ги разменуваат, дури и ако тоа од нив го бараат властите на некоја држава.

Компанијата во последните шест месеци работеше на развојот на оваа функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma