За брзо слабеење практикувајте избалансирана храна

popara30 јануари, 20141min00
balanced-diet

За здрав начин на живот и одржување на оптималната телесна тежина, често се споменува поимот избалансирана исхрана. Под избалансирана исхрана подразбираме правилна исхрана, со повеќе мали оброци во текот на денот, кога со рамномерната исхрана се внесуваат сите потребни материи. На нашиот организам му се потребни околу 40 хранливи материи кои служат за раст, обновување на ткивата и секојдневна енергија.

Ќе ги наведеме најзначајните состојќи, потрбни на секој организам:

Вода – неопходна е за животот, а го сочинува и најголемиот дел од нашетот тело. Водата е составен дел од лимфите и крвта, а со нејзина помош потребните материи се доставуваат до сите наши ќелии. Исто така, со помош на водата, непотребните и штетни материи се исфрлаат од организмот.
Протеини – делуваат на раст и обновување на ткивото. Покрај тоа, помагаат и во создавањето на антитела, хормони и ензими кои се неопходни за одвивање на сите процеси во организмот. Изворот на белковини је следен: месо, риба, млеко, млечни производи, живинско месо, јајца, ореви, мешунки…

Масти – ги штитат нашите внатрешни органи, нè чуваат од студ, ни даваат неопходна енергија и помагаат во ресорпција на некои витамини.

Јаглехидрати – покрај мастите, тие се главен извор на енергија за нашиот организам. Во простите јаглени хидрати спаѓа шеќерот, а во сложените скробот. Скробот највеќе го има во лебот и компирот.

Витамини и минерали – нам ни се потребни во многу мали количини, па затоа и се нарекуваат микрохранливи материи. Витамините и минералите му служат на организмот за нормален раст и живот, а нè штитат од многу болести.

Растителни влакна – се наоѓаат во несварливите делови на расителните намирници. Растителните влакна поволно делуваат на органите за варење, крвните садови и срцето.

Заклучок

На организмот му се потребни сите овие набројани материи, а со помош на науката е дојдено до заклучок колку се дневно пропорчаните дози од сите овие хранливи материи.

Доколку некои од потребните состојки недоволно се внесува во орагнизмот, тогаш се нарушува здравјето, па организмот е подложен на инфекции и болести.

Современата брза храна (во развиените земји), во организмот се внесува повеќе од што е потребно: масти, протеини, холестерол, шеќер и соли. Таквата исхрана доведува до дебелина и нарушување на здравјето. Дебелината стана “болест “на современиот човек, а најизразена е во Америка, а постепено се шири и во другите развиени земји.

Од наведеното може да се заклучи колку е важна избалансирана исхрана, а со внесувањето во организмот на сите важни состојќи во потребните колиличини, се создаваат предуслови за здрав живот и се спречува дебелина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag