За нив читате се и сешто! Прочитајте кои од нив ѕвездите најпаметни!

popara26 мај, 20143min00
najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-8

Многу од нив иако имале голем потенцијал, поради кариерата го напуштиле школувањето, но достигнале врвни резултати и останале меѓу најпознатите во шоубизнисот.

Џина Дејвис (IQ 142)

Покрај тоа што има успешна кариера во шоубизнисот како глумица, модел, продуцентка и писателка, Џина (58) е успешна и во спортот. Во 2000 година се квалификувала како резерва на стрелечкиот тим на САД кој настапил на Летните олимписки игри во Сиднеј. Оскаровката дипломирала драматургија  во Бостон.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-1


Мерил Стрип (IQ
 143)

Холивудската дама Мерил (64) влегла во историјата како личност која најмногу пати била номинирана за наградата Оскар, дури 18 пати, а го добила само 3 пати. Студирала на Васар, Дартмут и Јеил каде дипломирала на драматургија. За неа често велат дека е една од најдобрите глумици на сите времиња.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-2


Нолан Гулд (IQ
 150)

Американски детски глумец кој е најпознат по улогата на Лук Данфи во серијата „Модерна фамилија“. Младиот генијалец завршил средно училиште на 13 години. Нолан (15) се надева дека ќе може да се запише на факултет и да слуша предавања онлајн.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-3


Шерон Стоун (IQ
 148)

Оскаровката (56) како дете била многу напредна и надарена, па второ одделение била на 5 години. Но, не завршила факултет. Се запишала на факултет во Единбург, но го напуштила за да се занимава со манекенство, кое подоцна го напуштила заради глумата.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-4


Џим Морисон (IQ 147)

Фронтменот на легендарните The Doors, текстописецот и пејач, Џим Морисон од мал многу сакал да чита. Бил надарен и помеѓу останатите дела ги читал и Ниче, Кафка и Балзак. На Калифорнискиот факултет завршил додипломски студии за филм.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-5


Кејт Бекинсејл (IQ 
152)

Британската глумица Кејт (40) е уште една во низата која го напуштила школувањето за да се посвети на актерската кариера. Ќерка е на двајца актери и глумата ѝ била составен дел од животот. Кејт после приватното училиште се запишала  на Оксфорд, но го напуштила во трета година.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-6


Алиша Кис (IQ 
154)

Алиша е кантавтор, продуцент, глумица и текстописец. Почнала да свири клавир на седум години, завршила висока уметничка школа во Њујорк со најдобри оценки уште на 16 години. Истата година потпишала договор со Columbia Records, а добила и стипендија за на факултетот Колумбија, но брзо се откажала од студирањето за да се посвети на музичката кариера.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-7

Синди Крафорд (IQ 154)

Oсвен што е една од најубавите 100 жени во светот, Синди (48) е една од најинтелигентните во Холивуд. Со манекенство почнала да се занимава кога имала 17 години. По средното училиште се запишала на студии за хемија, но се откажала после првиот семестар за да се посвети на кариерата како модел.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-8


Долф Лундгрен (IQ
 160)

Дипломиран инженер по хемија глумел во повеќе од 40 акциони филмови. Лундгрен (56) е роден во Шведска, а покрај тоа што глуми има и многу режирани филмови. Има црн појас во карате и бил првак на Европа во 1980 и 1981 година. Студирал во Шведска, Америка и Австралија, а дипломирал со најдобри резултати.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-9


Мет Дејмон (IQ
 160)

По успехот со филмот „Good Will Hunting“ за кој тој и Бен Афлек  добиле Оскари, кариерата на Мет (43) тргнала по нагорна линија. Освен што глуми, Дејмон и продуцира , пишува сценарија и го позајмува гласот во анимирани филмови. Студирал на Кембриџ и Харвард, но не дипломирал, бидејќи го напуштил факултетот за да глуми во филмот „Џеронимо: Американска Легенда“

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-10


Квентин Тарантино (IQ
 160)

Глумецот, продуцент, сценарист и режисер на бројни култни филмови, освојувал бројни награди, а магазинот „People“ во 2005 година го стави во 100-те највлијателни луѓе во светот. На 15 години го напуштил средното училиште за да оди во школата за глума. Но, се откажал и од тоа училиште. Кога го прашуваат дали одел во филмска школа, одговара: „Не, јас одев да гледам филмови“.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-11


Декстер Холанд (IQ 170)

Фронтменот на калифорнискиот панк рок бенд  „Тhe Offspring“ дипломирал на молкеуларна биологија. Холанд (48) запишал и докторски студии, но ги паузирал кога почнал да реди успеси со бендот. На академската работа ѝ се вратил во 2003 година и со колегите објавил научен труд на тема: Човековата микро RNA во гените на вирусот ХИВ.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-12


Роуан Аткинсон (IQ
 178)

Британскиот глумец, комичар и сценарист кој е најпознат по улогата на Mr. Bin прогласен е за еден од најдобрите 50 комичари некогаш. Аткинсон (59) има диплома за електроинженер од Оксфорд, а успешната кариера ја изградил на телевизија, во театар, на радио и во филм.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-13


Џејмс Вудс (IQ
 180)

Глумецот кој двапати е номиниран за Оскар студирал политички науки на Институтот за технологија во Масачусец иако претходно планирал да студира медицина. Но, пред дипломирањето се откажал од студиите за да може да се посвети на актерската кариера.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-14

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag