Кога се стари и изнемоштени, тогаш си најпотребен! Грижи се за своите родители!

popara27 март, 20141min00
111

 

Ова прекрасно писмо ќе ве воодушеви! Ова писмо е за сите вас кои имате родители, за сите вас кои веќе сте родители, за сите вас кои сте свесни за величенственоста на таа најсилна врска што постои на светот: рдител – дете…

Писмо од родителите:

  • Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш.
  • Ако се накапам додека јадам, и ако сам не можам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на часовите кои ги имам потрошено додека јас те научив на сето ова.
  • И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав исти работи да ти ги кажувам по сто пати.
  • Ако не сакам да се мијам и капам, не ме исмејувај и не ме вреѓај, сети се како морав да те молам и убедувам за да те однесам во купатило.
  • Кога ќе видиш дека не ја познавам новата технологија и не се снаоѓам, дај ми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со животот.
  • Ако некогаш во разговор заборавам, или ја изгубам мислата, дај ми малку време да се присетам и ако не можам немој да ми се потсмеваш, зошто мене не ми е најважната работа на светот нашиот разговор, туку да бидам со тебе и да знаеш да ме слушаш.
  • Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна.
  • Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како кога јас тебе ти ја подавав раката кога прв пат проодуваше.
  • И ако ти кажам дека не сакам да живеам, сакам да умрам, немој да ми се лутиш. Еден ден ќе ме разбереш.
  • Еднаш ќе сфатиш дека сите мои грешки и строгост кон тебе, биле направени само затоа што сум ти сакал сè најдобро и да те подготвам за понатамошниот дел од животот.
  • Не ме ожалостувај, не лути се и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков покрај себе. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и помогни ми исто така како што јас ти помогнав кога почна да живееш.
  • Биди ми потпора, помогни ми да го завршам ова патување со љубов и трпение. Јас ќе ти вратам со насмевка и неизмерна љубов како и секогаш.