
Деветгодишниот Џулијано и седумгодишниот Калудиј секојдневно тренираат за да бидат најсилните момчиња во семејство на бодибилдери. Целото семејство, кое потекнува од Романија, сака да замине за Велика Британија надевајќи се дека децата таму ќе станат славни и дека ќе наидат на одлична публика.
Џулијано двапати го има срушено светскиот рекорд во изведување склекови под агол од 90 степени.
Не можејќи да си го дозволат животот во Фиренца, Италија, 35-годишниот Џулијан Строе, татко на децата, го вратил семејството во Романија каде одвај заработуваат за живот. Тој планира да заминат за Велика Британија каде би нашол финансиски спонзори за своите деца и работа за себе надевајќи се дека ќе станат познати спортисти и ѕвезди.

И додека некои луѓе позитивно реагираат на децата, сепак има и критики за семејството кое ги тера децата да вежбаат.

„Децата имаат природна способност за ова, никој не ги присилува. Мојот сопруг ќе оди во странство за да заработува пари како бодибилдер или работник, а сето тоа ќе го правиме за нашите синови и нивните тренинзи“, вели мајката Илеана за Daily Mail.
httpv://www.youtube.com/watch?v=RZPb1epJeMI