
Одговорот на ова прашање го има научникот Роб Најт, кој на TED конференцијата од 2014-та година при своето обраќање објасни дека бактериите, односно микроорганизмите кои се наоѓаат на човечката кожа влијаат врз создавањето на специфичниот мирис, дел од кои се особено привлечни за комарците, пренесува Business Insider.
За да се докаже дека комарците ги привлекува специфичната миризба, односно различните микроорганизми на кожата, биле ангажирани 48 мажи од кои било побарано да се воздржат од алкохол, лук, зачинета храна и туширање во рок од два дена. Тие носеле најлонски чорапи со цел да се земе примерок од нивните уникатни микроорганизми на кожата. Потоа стаклени мониста биле истриени на внатрешноста на стапалото на учесниците и искористени како мамка за комарците.
Се покажало дека девет од 48-те мажи биле особено привлечни за комарците, додека пак мирисот на седуммина во најголемиот дел од случаите бил одбегнуван. Оние кои им биле особено привлечни на комарците, имале поголема концентрација на одредени микроорганизми за разлика од оние кои спаѓале во другата „непривлечна“ група. Луѓето од групата која комарците ја одбегнувале имале поразновидна колонија бактерии на кожата.