Зашто треба да и кажувате на вашата мајка дека ја сакате!

popara13 февруари, 20141min00
mother-and-daughter1

И додека сте во секојдневна гужва, во постојана трка со времето, среќата, успехот и љубовта, не заборавајте да ѝ се заблагодарите. Искрено и спонтано.

mother+and+daughter+talk

Зошто?

1. За секојпат кога таа беше ваша најдобра пријателка, психијатар, фризер и советник кога никој друг не можеше да ви помогне.

2. За секое простување кога заборававте да ѝ се јавите.

3. За секоја детално ислушана ваша драма и покрај тоа што ја чекале уште најмалку 3 важни работи.

4. Затоа што таа е личноста во која утре вие сакате да се претворите!

5. Затоа што има неверојатни заштитнички способности.

6. За сите пати кога викавте по неа само за да ви ја најде омилената маица, капа, џемпер, шал и што уште не. И на крајот, секогаш магично ви го носеше она што ви недостасуваше.

Elderly Mother and Daughter_0

7. За сите домашни јадења во кои буквално се давевте од убавина.

8. За издржливоста и упорноста која ја имаше додека бевте во неподносливата средношколска фаза.

9. За вашите браќа и сестри кои неизмерно ги сакате.

10. Затоа што таа секогаш беше ваш најголем и најверен фан, кога сите други мислеа дека си го трошите времето залудно.

11. За сите ситуации кога не успеавте да се разберете со вашиот татко, а таа без размислување одеше против него само за да ја врати насмевката на вашето лице.

12. Затоа што е најискрената личност која некогаш сте ја запознале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *