
“Кога жената купува машка кошула, таа е вљубена. Кога ја пегла, мажена е. Но ако при тоа пее, таа е и првото и второто.“
Налетавме на една приказна која нема ни потпис ни автор за жал, но е толку многу интересна и како што коментираат оние што ја прочитале, а вие оценете дали има вистина во тоа, дека ова е слика за животот на сите жени на 21-от век. Ви го пренесуваме текстот:
Најтешко ни е на нас жените. Ние никогаш не ги забораваме моментите поврзани со нив, никогаш не забораваме како се почнало, првата порака и секако онаа последната која уништила се. Никогаш не го забораваме човекот што сме го сакале и што не научил што е тоа вистинска љубов.
Во животот на секоја жена постои тој еден маж кој никогаш нема да може да го заборави како и денот кога го сретнала. Иако е свесна дека сето тоа повеќе не постои, дека сето тоа е веќе далечно минато, таа и понатаму се труди, таа сеуште плаче, таа сеуште се надева и подеднакво љуби како и првиот ден. Ние и понатака пред другите се правиме дека не боли, дека веќе сме силни и студени. А боли, и тоа како боли. Боли дури и повеќе. Ние се радуваме на таа мала насмевка, на тој поглед кој можеби и не е упатен кон нас.
Се радуваме и чекаме. Чекаме да ни дојде оној што го сакаме. И ако во нас нешто се скрши, од предавството на тој еден маж, тргнуваме напред и кршиме туѓи срца, стануваме жени без душа, стануваме нешто што никогаш не сме биле. А сето тоа поради тој еден маж кој некогаш не фрлил на дното и не натерал да клекнеме на колена. И повеќе не е важно дали тој новиот не е како него, и дали тој некој не сака вистински. Повторно кршиме срца. Повторно создаваме бури. Но лузните на колениците никако да зараснат, за цел живот да не потсетуваат на тој еден маж….