Незапирливото дуо, Мерт и Маркус повторно се обединија со италијанскио бренд за сензуална долна облека La Perla во нивната нова колекција есен/зима 2014. Избраните модели за оваа кампања ни ја прикажуваат есенската понуда на овој посакуван и популарен бренд, која претставува врвни и уникатни парчиња. Она што беше потребно за нивниот дизајн е ексклузивната мешавина на иновација и италијанска уметност, речиси со опсесивно внимание посветена на деталите и ексклузивните ткаенини кои на совршен начин ја нагласуваат женската фигура.