Украинската манекенка Валерија Луканова (28) се труди да биде жива Барбика и открива како решила да се научи да преживее без храна.
Еден од првите чекори биле пластични операции со чија помош успеала да го направи своето тело слично како телото на Барби куклите, но тоа не било доволно, бидејќи таа би требало и да ја одржува линијата која не е природна за нејзиното тело, па се одлучила на уште подрастични мерки.
Големата упорност на оваа Украинка ја навела да почне да изучува една необична доктрина чии припадници веруваат дека можат да живеат само од воздух и Сонце.
Во последниве неколку седмици не бев гладна воопшто и се надевам дека тоа е последната фаза од преминувањето во возвишена фаза на животот или живот на воздух и Сонце, без храна – изјавила Луканова.
Сличноста со Барби куклата и тенката половина со обем 50 см и доносеа голема слава на Луканова, а таа се надева дека нејзиниот физички изглед ќе и помогне да ги прошири своите духовни возможности.
Оваа Украинка ги открила и своите паранормални способности, па тврди дека разговара со вонземјани како и тоа дека може да патува низ времето.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=roe2bYMg9I0