Како филмска приказна. Жана Калман е жена која во историјата ќе остане запаметена како една од најдологовечните луѓе на светот бидејќи живеела 122 години. Се родила 1875, а умрела во 1997 година и целиот свој живот го поминала во градот Арло.
Но таа ќе остане запаметена најмногу поради еден договор…
Калманова во 1965 кога имала 90 години потпишала договор со нејзиниот адвокат според кој адвокатот се обврзал да и плаќа по 2500 франкови месечно, а тој после нејзината смрт да го добие нејзиниот стан бидејќи таа немала наследници.
Адвокатот тогаш имал 47 години. Меѓутоа она на што сигурно не рачунал е дека Калманова подолго ќе живее од него. Во 1997 адвокатот починал, а до таа година веќе и исплатил 180 000 долари или дупло од вредноста на нејзиниот стан.
После неговата смрт, неговата сопруга продолжила да ја исплаќа месечната издршка за Калманова.
Калманова изјавила дека за нејзиниот долг живот е одговорен начинот на исхрана.
Од секогаш била активна, точак престанала да вози кога навршила 100 години, а додава дека редовно користела и маслиново масло.
httpv://www.youtube.com/watch?v=cB_yIlnaryg