Во 1985 година во Флорида беше претставен првиот модел на Quicksilver, денес еден од ретките модели кои што може да се најдат кај колекционерите, само затоа што се произведени само 170 парчиња од овој модел. Шасијата е превземена од Pontiac Fiero, доизработена со фибер-стакло. Има мотор V6 односно 2.8 литражен со 140 коњски сили. Поседува електрични подигнувачи на прозорите, греачи на седишта, централно заклучување, темпомат, клима, висинско подесување на воланот. Внатрешноста е опремена со луксузна кожа. Еден од познатите што поседувал ваков автомобил бил и легендарниот Френк Синатра. Овој модел можете да го најдете по цена од € 19.950.