Знаците кои укажуваат на сексуална зависност

popara21 мај, 20141min00
4

Сексуалната зависност подразбира сексуално однесување кое значително влијае на нормалниот живот. Некои истражувања покажале дека зависниците од секс често пати се личности кои во детството биле физички, сексуално и емоционално злоупотребувани.

Ова се знаците кои може да укажуваат на сексуална зависност:

– Интензивна мастурбација

– Повеќекратни изневерувања

– Промискуитет

– Редовно консумирање на порнографија

– Секс без заштита

– Сексуална анорексија

– Повеќекратни или анонимни партнери

– Телефонски, cybersex

– Склоност кон еротски масажи, ескорт, проститутки

– Проституција

Иако зависниците од секс се свесни за негативните последици од своето однесување, обично не се во можност тоа да го контролираат без соодветна професионална помош.