Знаете ли што се добивате во водата со парче лимон? После ова ќе нарачувате само обична вода!

popara30 јануари, 201417min00
4

Дали сте се запрашале што се крие парчето лимон кое го добиваме во чашата со вода или сок? Парчето лимон може да го освежи пијалокот и да го подобри неговиот вкус, меѓутоа, мошне е веројатно дека ќе внесете во себе мноштво несакани микроорганизми.

Во една обемна студија биле анализирани над 100 ресторани. Резултатите? Дури 70% од примероците (лимон) во себе содржеле микроби.

Иако е познато дека лимонот има некои антимикробни својства, резултатите покажале дека широкиот спектар микроорганизми можат да опстанат долго време на парчето лимон. И сопствениците на ресторани и кафичи би требало да бидат свесни дека со лимонот во чаша ставаат и потенцијално патогени микроби – се вели во соопштението.

Филип Тиерно, клинички професор по микробиологија и патологија, направил слично истражување, кое покажало дека отприлика половина од анализираните примероци од рестораните и кафичите биле контаминирани со човечки фекалии. Во едно истражување биле снимени работници во добар ресторан како после тоалет се враќаат на работното место и без да ги измијат рацете си сечат лимон или обавуваат други задачи.

Слични микроби постојат и во садовите за сол, бибер, масло, кечап и слично – микробите се насекаде околу нас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma