Еднаш еден познаник – типичен мачо, обучен играч и со долг список на освоени девојки, ми рече: “Да бидеш со проститутка е супер! Добиваш што сакаш, стануваш и си заминуваш. Нема вишок емоции и драми, а излегува дека е многу поевтино отколку да отидеш да бркаш некоја девојка”…
Па, во право си е човекот. Неслучајно зборуваме за најдревната професија и неслучајно таа ќе продолжи да се рангира долго, откако ние ќе престанеме да се рангираме. А што и да зборуваме – мажите може и да се ловци по природа, но секој ловец сака да се занимава и да си фати нешто питомо. Па и да си плати за тоа на час.
Работата е, сепак, дека од целиот разговор почувствував некоја нота на незадоволство. И по некое врме, кога се замислив нешто, повторно се сетив на неа. За што станува збор? Двајца психолози одлучиле да го проучат подетално прашањето зошто мажите одат по проститутки? Ок, тоа е полесно, јасно е. Меѓутоа кога дознав за нивното мислење дека во проститутката мажите гледаат “слика на идеална жана”, се исплашив.
Што излегува? Секогаш подготвена на секс, се интересира за физичките потреби на мажот – тоа, ок! Сепак недостатокот на чувства – тоа не ми се чини ок! А на вас, девојки?
Уште повеќе што во општи линии од анкетата станува јасно дека во проститутката мажите бараат начин да пополнат некој недостаток. Или поинаку кажано – сепак и тие вложуваат емоција во целата работа, макар и на друго ниво. Поголемиот дел од анкетираните признаваат дека плаќаат за секс, бидејќи немаат искуство во комуникација со жените. Уште поинтересно е дека повеќето господа сакаат традиционален секс! Без никакви статисти како орална, анална или садомазохистичка “љубов”. Едноставно нормален секс и тоа е.
Што излегува ? на крајот на мажите, кои бараат да платат за “љубов”, навистина им недостасува љубов…и вистинска близина.
Но ова е само една интерпретација, вие може да имате други…