Зошто одиш низ животот сакајќи некои не толку важни луѓе да ја откријат твојата вистинска вредност?

popara22 декември, 20141min00
6

Приказната раскажува за животот на едно младо момче кое се обратило кај познат мудрец барајќи помош:

„Доаѓам кај вас бидејќи се чувствувам како да сум потполно безвреден, немам желба и волја за ништо. Сите околу мене ми зборуваат дека воопшто не вредам и дека за ништо не ме бидува, дека сум глупав и дека ништо не знам да направам како што треба. Барам од вас да ми помогнете ако можам некако да се поправам. Што е тоа што треба да го направам за да стекнам доверба кај другите околу мене за и тие да почнат повеќе да ме ценат?”

Учителот без да го погледне му рекол:

„Баш ми е жал младо момче, но не можам да ти помогнам, бидејќи морам прво да си го решам мојот проблем, можеби после тоа би можел …”

Потоа малку се подзамислил и додал:

„Кога би можел ти да ми помогнеш мене, побрзо ќе го решам својот проблем и тогаш можеби и ќе можам да ти помогнам.”

„Со задоволство” – рекло младото момче, при тоа чувствувајќи дека повторно е запоставено.

„Добро” – рекол учителот, „тогаш еве земи го овој мој прстен, јавни го коњот кој е пред вратата и оди на пазарот за да го продадеш прстенов, но внимавај да добиеш највисока цена за него, не пониска од еден златник.”

Момчето така и направило, само што стигнало на пазарот почнало да им го нуди прстенот на стотина трговци, ни сите тие му се смееле бидејќи оцениле дека прстенот воопшто не е вреден и дека за него може да добие само една сребрена пара, а не златник како што барало момчето.
Очајно поради неуспешно завршената работа се вратило кај мудрецот.

„Жал ми е учителе, но не можам да го добијам од трговците тоа што ти го побара од мене, не можам нив да ги убедам за вистинската вредност на прстенов.”

„Тоа што го кажа е многу важно мој млад пријателе” – одговорил учителот. „Најпрво треба да ја дознаеме вистинската вредност на прстенов. Ајде сега повторно јавни го коњот и овој пат оди кај златарот бидејќи само тој може да ја процени вистинската вредност на прстенов. Но запомни колку и пари да ти нуди златарот, ништо немој да прифаќаш и за ништо немој да го продадеш овој прстен. Врати се повторно кај мене со прстенот и кажи ми ја неговата цена.”

Штом момчето стигнало кај златарот и откако тој детално го проучил прстенот му рекол дека за него може да му даде 58 златници.
Момчето штом слушнало колку вистински вреди прстенот, извикало со зачудување и веднаш со коњот се вратило кај учителот раскажувајќи му за високата цена која златарот му ја понудил за прстенот.

„Седни” – му рекол учителот, откако внимателно го сослушал.
„Сега сакам да запомниш дека и ти си баш како овој прстен: прав бисер, вреден и единствен. И дека си навистина таков може да види само вистинскиот човек. Зошто одиш низ животот сакајќи некои не толку важни луѓе да ја откријат твојата вистинска вредност?”

Велејќи му ги овие мудри зборови мудрецот го оставил младото момче да размислува за нивната важност и да ја извлече поуката која била скриена во нив, а тој си го ставил прстенот на неговата рака и си продолжил со обврските што ги имал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag