Зошто првите две години од бракот се критични?

popara12 јануари, 20141min00
????????????????????????????????????????????????????????

Иако мажот и жената си даваат завет дека ќе бидат заедно „се додека смртта не ги раздели“, во реалноста ситуацијата е многу поинаква. Денес, повеќе од половина од браковите завршуваат со развод, а за многу луѓе е својствено да имаат по два, три, па и повеќе бракови зад себе.

Причините за несогласувањата во љубовта и бракот се навистина различни, од неверство, до несогласување, до финансии, па се до „здодевен секусуален живот“. Затоа решивме да ви ги прикажеме причините зошто првите две години од бракот се критични и зошто во овој период луѓето најчесто се решаваат на развод.

Според едно истражување кое го спроведоа професори од државниот универзитет во Тексас, првите две години од бракот се оние кои одлучуваат каква ќе биде иднината. Во истражувањето стои дека првите две години се показател на тоа дали бракот ќе успее, каква ќе биде љубовта, каков ќе биде односот меѓу сопружниците и дали ќе имаат непомирливи несогласувања.

Истражувањето, кое траело 13 години и во кое биле вклучени 156 двојки, покажало дека 68 двојки имале среќен брак, 32 двојки имале несреќен брак и 56 двојки се развеле.

Оние сопружници кои се развеле, во текот на првите две години имале негативен став еден кон друг, се карале почесто и биле помалку склони кон компромис. Од друга страна, оние кои имаат среќeн брак, во првите две години имале позитивен став еден кон друг, правеле компромис и се карале значително помалку.

Според истажувањето, во првите две години се воспоставуваат „домашните односи“, т.е двојката се навикнува на меѓусебните навики, се делат домашните обврски, се организира слободното време, се одредува начинот на кој двојката се справува кога доаѓа до конфликт, се решаваат односите помеѓу двете фамилии, се поставува финансиски план и др. Всушност, првите две години се оние кои одлучуваат за тоа како ќе тече животот понатаму.

Затоа, за оние кои се „тазе“ венчани, но и за оние кои планираат набрзо да „рипнат во тавче“, Ви препорачуваме да имате позитивен став и да бидете подготвени за компромис, се со цел за убав и долговечен брачен живот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma