Зошто сеуште си сингл?

popara22 април, 20141min00
9
Ако се прашувате зошто сте се’ уште сами, можно е причината да се крие во вас. Ви откриваме некои од можните причини поради кои сте сингл.

1. Посесивни сте

Сакате да знаете баш се’ што тој прави. Постојано го барате, му праќате пораки, сакате да знаете со кого е, каде е, колку ќе се задржи… Со сите сили се трудите да го врзете за себе, а мажите таквото однесување ги плаши.

2. Импулсивни сте

Вие прво нешто правите, а потоа размислувате дали тоа било исправно. Импулсивните личности со себе често носат многу стрес, а повеќето мажи тоа не го сакаат во врската. Сите сакаат партнер на кој може да се потпрат, а импулсивните личности обично не се такви.

3. Нетрпеливи сте

Нетрпеливоста ги одбива мажите. Вие морате да добиете се’, и тоа баш кога тоа ќе го посакате. Ако не можете да почекате да се врати дома за да го прашате каде се задржал, туку го барате на секои пет минути и му поставувате безброј прашања, јасно е дека тоа нема да може долго да го трпи.

4. Компулсивно помагате

Ладно му е, а вие веќе сте го појачале греењето. Сте му донеле ќебе и сте му подготвиле чај. Грижливото однесување е пожелно, но претерувањето секако дека не е. Тој веќе има мајка и не му е потребна уште една.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma