Жените бараат „мачовци“ само за краткотрајни врски, но штом дојде времето за семејство, рејтингот на „првокласните мачовци“ се сведува речиси на нула.
Жените ги употребуваат мачо мажите најчесто само тогаш кога се се сведува на физичка привлечност и задоволување на страстите, но кога таа ќе почне да размислува за семејство, дом и деца, тогаш ваквиот тип мажи набрзо го снемува од хоризонтот на нејзините сериозни планови.
Самобендисан, самоуверен, со добри физички карактеристики и лидерски темперамент – тоа е идеалната комбинација за маж, со кој жената би поминала…извесно време. Но кога станува збор за наоѓање на вистинскиот партнер, за мажот со кој жената сака да го дели својот живот, тогаш алфа мајжјаците не се баш толку посакувани, колку милите и симпатични момчиња, кои влеваат доверба и стабилност кај претставничките од понежниот пол.
Екипа од универзитетот во Тенеси ја анализирале човечката сексуална еволуција. Се покажало дека денес, исто како што било случај и со нашите предци, мажјаците се конфронтираат еден со друг со цел еден од нив да ја освои женката, но на крај, сепак ја добива оној што може да донесе месо во домот.
Истото се случува и кај современите луѓе – мажите кои имаат потенцијал да се грижат за семејството и со кои жените се чувствуваат заштитени и безбедни, се најпосакуваните за брак.