Откако постои светот, мажите се обидуваат да ги разоткријат конспиративните мистерии на женскиот ум, а жените – на машкиот.
Многу жени се принудени да откриваат работи за мажите, љубовта и љубовната игра на потешкиот начин, но има и 10 правила, кои можат да помогнат на жените со статус „сингл“ да ги избегнат непријатните љубовни моменти.
Не се извинувајте што имате високи стандарди – ваше право е да сте претенциозни. Не прифаќајте да сте со било кој маж, само за да не сте сами. Ако сега не сте пребирливи, може цел живот да се каете потоа.
Мажите се како автобусите – Ако пред нос ви ја затвори вратата на своето срце, не трчајте по него, зошто секогаш доаѓа следниот. А првиот? Тој веројатно не заслужил да го удостоите со вашето внимание.
Учете од своите грешки но и од туѓите – Не треба да сте минале низ 100 различни врски и љубовни маки, за да научите како да ги избегнувате проблемите.
Мажите ги избираат жените, онака како што децата избираат јаболко – Можат да ги имаат оние што се пониско на дрвото, но ни едно од нив не изгледа така примамливо како оние на врвот од дрвото, без разлика што таму се стигнува најтешко.
Бегајте од мажите кои се обидуваат да ве газат, но и од оние кои ви дозволуваат да ги газите! Секогаш изберете ја златната средина.
Првиот состанок е важен извор на информации – На првиот состанок може да научите многу за еден маж според начинот на кој тој се однесува со персоналот во ресторанот на пример, или кон било кој друг…љубезниот маж задржете го до вас, а арогантниот оставете го на некоја друга жена без претенции.
Мажите не се експерти во љубовните игри и манипулации – Ако мажот е луд по вас, веднаш ќе знаете. Но ако не, ќе бидете збунети и нема да ви е јасно што точно чувствува кон вас.
Излезете со таков тип маж, кој досега сте го избегнувале – Ако сте сингл значи дека досега сте избирале погрешен тип мажи. Кажете не на мажите на кои обично велите да, а кажете да на оние на кои обично им откажувате.
Научете да прифаќате комплименти – Верувајте дека заслужувате комплименти. Со тоа покажувате дека имате самодоверба и станувате уште попривлечни во туѓите очи.
Ужиивајте во времето кога сте сингл – Не бидете обземени од идеата дека треба да сте во врска. Откако ќе го најдете вистинскиот, цел живот ќе бидете со него. А додека го најдете? Забавувајте се и радувајте се на она што ви го носи животот.
Докажано е дека среќните луѓе се најпривлечни за околината!