Секоја жена си има свои критериуми за тоа што сака и не сака од својот идеален партнер. На пример: да биде шармантен, смешен, да помага при домашните обврски, да има спортски дух….
Исто така, постојат одредени работи кои, покрај искреноста, почитувањето и добрата комуникација (трите работи кои се темел на секоја добра врска) секоја жена треба да ги добие од својот животен копилот, без оглед на нејзиниот вкус за мажи.
Постојат 10 работи кои секоја жена треба да ги бара од својот маж:
Да биде созреана личност!
Здрава, квалитетна врска започнуваат двајца луѓе кои веќе се формирани, зрели личности подготвени за голема одговорност која доаѓа со вистинската љубов. Едноставно кажано, не треба вие да го пораснете. Не сте вие таа што треба да му ги решава финансиските, психолошките или емоционалните проблеми. Со ова, секако, не сакаме да кажеме дека не треба да му ја дадете својата поддршка за неговите одлуки.
Да се чувствувате удобно покрај него!
Ако барем малку вложувате во вашиот изглед, тогаш задачата на вашиот партнер е да ве пофали…со тоа ќе ве потсети дека се уште сте посакувана. Од комплименти за облечената комбинација, преку забележување на вашата нова фризура до пораките пратени без причина во кои пишува „ Многу си убава”…што и да е, главно е да се чувствувате добро и прекрасно.
Да има смисла за хумор!
Вашиот партнер не мора да биде stand-up комичар, но мора да има доза хумор во себе. Животот може да биде тежок и затоа потребен ви е некој кој и „облачните” денови ќе ги претвори во сончеви. Сите знаеме дека смеата е најдобриот лек за се.
Да знае што е приоритет!
Без оглед на тоа колку е тажен или со обврски, тој мора да најде време и за вас. Вие мора да му бидете првата личност на која треба да и се обрати. Клучно е да знаете дека можете да се потпрете на него за важни и неважни работи, секогаш. Ова не значи дека тој не би требало да има сопствен живот – секако дека мора да го има.
Добар секс!
Нема изговор за мажот кој не знае да управува со својот „алат” во спалната соба. Денес постојат толку многу литератури, филмови, поучни видеа, а и девојките се спремни да помогнат околу тоа. Сексуално неисполнетиот живот е никаков живот. Ако тој нема желба да научи што ве возбудува и ве прави среќна во креветот, време е да размислите за иднината на вашата врска.
Пеперутки…се уште!
Кога сте разделени на неколку часа или неколку дена, без разлика на причината, новата средба мора да биде среќен настан кој ве исполнува со исчекување и топлина, дури и после толку години, безброј бакнежи и прегратки..
Слобода!
Слободата е одличен показател дали партнерот има доверба во вас. Слободата доаѓа во повеќе облици на пример, ви дозволува да отпатувате со пријателките на неколку дена, да ја одберете кариерата што ја сакате, да имате време за себе…Сето ова значи дека вашиот партнер има доверба во вас и ви дава простор за ваш личен развој.
Потполно прифаќање!
Внатрешно, надворешно, секоја предност и секоја маана..сето она што го поседувате тој треба да го разбере и да го прифати. Никогаш не смеете да се почувствувате како камелеон и да се менувате според неговите желби. Вие треба да бидете неговата желба!
Сигурно место каде можете да бидете 100% свои!
Во здравата врска треба да се чувствувате сигурно, слободно и сакано, доволно за да бидете свои и сигурни во себе, во сите димензии на вашето битие, цело време. Ако зборуваме фигуративно, да бидете целосно „разголени” пред вашиот партнер, без срам..
Стрпливост, дарежливост и давање важност!
Ова се трите елементи на љубезноста и сите три се подеднакво важни за врската. Стрпливоста значи дека во напнатите ситуации треба да реагира мирно и продуктивно, Дарежливиот ум, духот, срцето, богатството, времето…било што, вашиот партнер мора да ги подели со вас. И на крај, тој мора да им дава важност на вашите чувства, желби, време и цели. Мора да води сметка и околу тоа како неговите одлуки влијаат врз вас.