10 сигнали на телото кои откриваат дека не сте здрави

popara17 август, 20151min00
12

Човечкото тело е неверојатна направа која треба редовно да се „серивсира“ и негува. Токму заради тоа, многу е важно да послушате што ви говори истото. Ви претставуваме 10 знаци кои не смеете да ги игнорирате, а кои индицираат дека не сте здрави колку што мислите.

Седа коса пред 40-та година

Седите влакна се природна појава, која главно зависи од генетиката. Но, доколку вашата коса е побелена повеќе од 50 проценти веќе во 3-та деценија од животот, а ист случај немате во семејството, ова може да биде знак за дијабетес.

Бенки

Иако повеќето бенки на телото се безопасни и бенигни, некои може да бидат прилично сериозни, особено оние кои се појавиле од сончање. Сенилната или актиничната кератоза настанува од дејство на сонцето и неговото УВ зрачење, а се вбројува во преканцерогена промена на кожата.

Промена на бојата на белката на окото

Белката на окото би требало секогаш да биде бела. Освен при ненаспаност или настинка, овој дел од окото може да открие и некои опасни промени во вашиот организам. Жолтата белка на окото може да биде знак за жолтица или на проблеми со жолчката и црниот дроб. Црвената белка може да биде знак на висок крвен притисок или вирусно заболување како конјуктивитис.

Испукани усни

Непријатните пункатини на усните може да бидат предизвикани од промена на надворешната температура и од ветер. Но, доколку на завршетоците усните често ви пукаат или, пак, ви се појавуваат внатрешни ранички, тоа може да биде знак на недостаток на витамин Б и цинк. Исто така, може да станува збор и за габична инфекција.

Потечен врат

Доколку сте забележале дека вратот ви изгледа потечено, што побрзо закажете преглед на лекар. Отокот на предниот дел од вратот најчесто е предизвикан од проблеми со штитната жлезда кои се вообичаени кај жените помеѓу 20 и 50 години.

Опаѓање на вегите



Со текот на годините веѓите стануваат поретки, но нивната нагла загуба може да биде знак на проблеми со штитната жлезда, односно на хипертиреоза (преактивна штитна жлезда) или хипотиреоза (намалена работа на штитната жлезда).Ваквите промени се проследени и со опаѓање на косата.

Црвени дланки

Вжарените и црвени дланки може да означуваат присуство на дерматитис, ексцема или алергиска реакција на метал, лекови, храна или пијалак. Но, ваквата промена исто така може да биде знак на отежната работа и болест на црниот дроб.

Промени на ноктите

Ноктите може да ви откријат многу за состојбата на вашето тело, а причините за промените може да бидат различни.

Имено, бледата кожа под ноктите може да укажува на слабокрвност, додека кршливите и тенки нокти може да укажуваат на недостаток на калциум или неправилна работа на штитната жлезда. Жолтите и задебелени нокти може да се заболени од габична инфекција. Белите линии кои се појавуваат преку целата широчина на ноктите може да укажуваат на недостаток на протеини и други нутриенти, но и на болести на бубрезите или абнормалности на црниот дроб. Модрата боја на кожата под ноктите, пак, е знак дека на вашето тело му недостасува кислород, што може да биде предизвикано од лоша циркулација или изложување на многу ниски температури.

Студени стапала

Стапалата се дел од телото кој е најодалечен од срцето, заради што васкуларните болести прво се манифестираат токму на нив. Доколку почувствувате дека стапалата често ви трнат или ви се ладни и бледи, побарајте совет од лекарот.

Црвени образи

Наглите промени на лицето се вообичаени кај жените на возраст помеѓу 30 и 55 години и можат да бидат предизвикани од хормонални промени, промена на температурата или лута храна. Но, црвените образи може да укажуваат и на Rosacea, хронична болест која ги погодува повеќето жени, а причината за нејзината појава е непозната.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag