10 сјајни лекции кои ќе ги научите после неуспешната врска со „кретен“

popara14 април, 20151min00
12

После љубовното разочарување многу често ја воочуваме сопствената вредност. Затоа е добро да ги следиме своите моментални желби и потреби, да се забавуваме со различни типови мажи и да поминеме низ сите фази. Ова се 10 вредни лекции кои ќе ги научите после неуспешната врска.

1. Посилни сте отколку што мислите

Претходно не сте можеле да го замислите својот живот без него, а сега цврсто стоите на сопствените нозе и спремни сте за нови авантури.

2. Подобро сама отколку со некој како него

Повторувајте го ова секој ден!

3. Луѓето не може да се сменат

Со други зборови, децата се оние коишто се воспитуваат, а не мажите.

4. Не дозволувајте мажот да ве смени

Затоа што тој не го заслужува тоа.

5. Заслужувате подобар

И тоа мнооогу подобар од некој на кој не му е гајле за вас и за вашите чувства. Зошто би прифатиле нешто помалку од она што го заслужувате?

6. Постоеле знаци

Кога ќе размислите за минатото, признајте дека имало знаци кои укажувале на тоа како сето тоа ќе заврши. Меѓутоа, сте ги игнорирале.

7. Следниот пат слушајте ги пријателките

Тие ви посакуваат сè најдобро и кога ви кажале дека тој не е за вас веќе ги забележале работите од претходната точка.

8. Тоа не е ваш неуспех

Да сретнете некој таков во животот е добра работа бидејќи во иднина ќе знаете каков тип мажи да избегнувате. Голем успех е што сте собрале храброст и сте го напуштие.

9. Животот со статус сингл е супер

Сега нема да внимавате кога ќе доаѓате дома, со кого разговарате, кој ви пратил порака, што сте облекле итн.

10. Не се сите мажи исти

Не знаеме каде се сите нормални и одлични мажи, но сигурни сме дека сè уште постојат. Би било лошо и мажите да тврдат дека веќе не постојат вредни и чесни жени, нели?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag