Ако годинава сте решени вашиот летен одмор да го поминете на некој остров, тогаш, сигурно уште од сега ја бирате дестинацијата.
Но, познатата веб – страница за туристички патувања, TripAdvisor, веќе направи листа на најдобрите 10 острови според коментарите и оценките на оние кои веќе ги посетиле.
Ваше е само да одберете, да се спакувате и да тргнете.
1. Providenciales (Turks & Caicos)
Ова е најпопуларниот остров меѓу Turks и Caicos островите. Има долги песочни плажи и азурно сина вода која се прелева во разни нијанси. Ако уживате во водните пространства, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Најдобри плажи кои мора да ги посетите се Grace Bay и Chalk Sound.
2. Maui (United States)
Се наоѓа на Хаваите и е за вистинските вљубеници во природата. Покрај уживањето во водата, може да ја истражувате и бамбусовата шума, како и водопадите во Националниот парк Халеакала. Песокот е со златна боја, а ова избор за оние кои го сакаат и сурфањето. Најдобри места кои не смеете да ги пропуштите се Ka’anapali и Kapalua Coastal Trail.
3. Roatan (Honduras)
Вистинско уживање за оние кои ги сакаат долгите денови на плажа со коктел до зајдисонце. Погоден е и за оние кои го сакаат риболовот и водните спортови. Ботаничките градини се посебна глетка, совршена за долги прошетки исто како и разгледувањето на плажите, качени на коњ. Најдобрите места на Rotan кои мора да ги посетите се West Bay и Carambola Botanical Gardens & Trails.
4. Santorini (Greece)
Белите градби, карпите, кристално сината вода и сите нијанси на зајдисонцето се доволна причина за да го одберете овој остров во Грција. Рестораните покрај вода, прошетките низ специфичната архитектура, ќе ви овозможат едно поинакво доживување. Најдобрите места кои не смеете да ги пропуштите на Санторини се: Skaros Rock и Akrotiri.
5. Ko Tao (Thailand)
Еден од најубавите острови на Тајланд, каде може да уживате под некој палма на долгите песочни плажи додека уживате во синиот хоризонт. Постојано е сончево и за времето воопшто не треба да се грижите. Ако сакате да се сончате, тука сигурно ќе ја добиете најубавата боја. Места кои не смеете да ги одминете се Sai Nuan и Apnea.
6. Madeira (Portugal)
Ако покрај песочните плажи, малку повеќе уживате во убавините на природата, малите и големи планини, како и прошетките низ шуми и градини, тогаш островот Мадеира во Португалија ќе ви ги задоволи сите апетити. Мора да ја посетите тропската градина Monte Palace и да се возите на жичницата за да доживеете еден поинаков поглед.
7. Bali (Indonesia)
Се смета за индонезиски рај и ќе ви се чини дека е како во некоја фантазија. Поинакво е од сè друго што сте видели и има нешто посебно со кое ве освојува. Навидум обични песочни плажи, но се случува вистинска магија кога ќе се најдете таму на зајдисонце или изгрејсонце.
8. Mauritius (Mauritius)
Тропски рај кој ви овозможува вистинско уживање на долгите песочни плажи, обиколени со карпи и планини и со широко кристално водно пространство. Особено погоден за авантуристите кои сакаат сами да истражуваат и да ги откриваат сите скриени места и убавини. Најубавите плажи кои не смеете да ги одминете се Le Morne и Trou d`Argent.
9. Bora Bora (Frensh Polynesia)
За поромантичните ова е вистински избор, бидејќи ви нуди посебно убави зајдисонца во кои може да уживате. Покрај тоа има многу француски ресторани погодни за романтични вечери. Но и оние кои се поголеми авантуристи може да одберат некоја активност како пливање со желки или хранење ајкули. Најубавата плажа на bora Bora е Matira.
10. Fernando de Noronha (Brazil)
Архипелагот на Fernando de Noronha е заштитен од УНЕСКО и има посебен екосистем. Не се дозволени премногу посетители и туристи наеднаш, но оние кои имаат малку повеќе среќа можат да уживаат во исклучително топлата и пријатна вода, глетката на делфините кои пливаат, нуркањето, но и прошетките и искачувањата на карпите. Плажа која мора да ја посетите е Cacimba do Padre.