Најдобар начин како да дознаете дали ве изневерува е да размислите за неговото однесување кое треба да ви ги даде знаците.
1. Вашиот сексуален живот одеднаш се променува – партнерот е прилично изморен или испробува нови сексуални техники?
2. Постојано смислува изговори зошто не поминува повеќе време со вас – мора подолго да остане на работа, има неочекувани деловни состаноци, повеќе време отколку обично поминува со пријателите. Ви купува подароци и се однесува екстра фино (чувство на вина).
3. Телефонот му ѕвони почесто, а кога вие сте во близина ја спушта слушалката. Или, одеднаш има два телефони.
4. Доколку го прашате каде бил или со кого разговарал по телефон, се однесува агресивно и дефанзивно.
5. Ве критикува поради работи кои некогаш ги сметал за привлечни.
6. Преку ноќ почнува да води грижа за личната хигиена или се дотерува повеќе – прави трендовски фризури, купува нова облека и одеднаш е заинтересиран да ослабе или да се затегне. Лош знак е и ако влегува под туш веднаш штом стигне дома.
7. Поминува многу време на интернет и одеднаш престанува да пишува на тастатурата или го исклучува компјутерот штом вие влезете во собата.
8. На неговата сметка во банката има необични или необјасниви трошоци (или, извештаите од банка одеднаш ги снемува).
9. Не сака да разговара, а и не се сеќавате кога последен пат сте воделе нормален разговор.
10. Емоционално е дистанциран и престанал да ви вели “те сакам”.