Луѓето многу подолго ќе ја паметат роденденската честитка или изненадувањето со омилено кафе во рака, отколку колку време сте вложиле во фенирањето на косата, тоа е факт.
Тогаш, зошто толку многу се фокусираме на надворешниот изглед?
Време е повеќе да поработите на овие 11 особини, без кои колку и да сте убави, ќе бидете непривлечни.
1. Забавна
Да бидеш забавен значи да пружиш моменти на среќа и смеа на луѓето околу вас. Кој би сакал да се дружи со човек кој само се жали? Факт е дека насмевката е попривлечна од намуртеното лице.
2. Креативна
Креативните личности набљудуваат, бараат нови искуства и преземаат ризици.
3. Непобедлива
И тоа не значи дека не треба да се извините за работата која ја згрешивте, туку само да запаметите кои сте и колку сте големи што всушност се извинувате.
4. Спонтана
На секој му е потребен пријател со кој може да договори пијачка или излегување во последен момент.
5. Искрена
Дури и ако не сте брутално искрен тип на човек, искреноста и директното искажување на мислите е предност и привлечен квалитет.
6. Предадена
Една од најважните работи во секој однос е сигурноста дека може да се потпрете на другата страна и дека таа ќе ве поддржи во се. Генерално, овие луѓе се барем двапати посреќни од останатите.
7. Широки сфаќања
Да бидеш подготвен да го промениш мислењето не е пораз. Тоа е напор за кој е потребно време и труд.
8. Внимателна
Луѓето многу почесто ги паметат малите гестови на нежност и внимание, отколку секси фустанот кој го носевте вчера, навикнете се на тоа.
9. Емпатична
Да бидеш во состојба да се поврзеш со луѓето околу себе е нешто што никој не смее да го потцени. Сочувството е особина на која луѓето се воодушевуваат.
10. Несебична
Без оглед на тоа дали сте несебични во врска со времето кое го посветувате некому, со ресурсите или вештините, оваа особина е огромен плус. Несебичноста е особина која ве прави и вас и другите среќни.
11. Сигурна
Сигурните луѓе си ги исполнуваат ветувањата. И тоа доволно кажува за нив.