12 месеци пиела сок од моркови и го победила ракот

popara27 август, 20151min00
7

Ен Камерон е американска авторка на бројни детски книги, а нејзината популарност стана најголема кога почна да се пишува за нејзината болест. Во 2012-та година и’ бил дијагностициран рак на дебелото црево во трет стадиум.

За жал тоа не било прв пат кога Ен се соочила со оваа болест. Нејзиниот сопруг починал од рак на белите дробови во 2005-та година, пишува Healty Life.

По спроведената операција, Ен одлучила дека нема да оди по стапките на својот сопруг и да прифати лекување преку хемотерапија.

– Во јуни 2012-та ми беше направена операција на дебелото црево, а после операцијата не сакав да примам хемотерапија. Секој ден се чувствував сè подобро, но после 6 месеци, кога направив контролен преглед, востановено беше дека ракот не исчезнал, туку напротив, напреднал. Се проширил и на белите дробови, а на дебелото црево преминал во 4 стадиум, открива Ен.

Таа одлучила да пронајде друг начин за лекување. Прелистувајќи ги интернет страниците каде луѓето разменуваат искуства, наишла на една каде 26-годишно момче тврдело дека се излечил од рак на кожата со секојдневна консумација на свеж сок направен од 2,5 килограми моркови.

Ен одлучила да го следи неговиот совет и пиела сок од моркови по неколку пати на ден, вкупно 8 месеци.

Отишла на контролен преглед, а на наодите било видливо дека ракот престанал да се шири, а туморите почнале да се намалуваат, како и отоците на лимфните жлезди.

После 4 месеци, лимфните жлезди повеќе не биле воспалени, а клетките на рак и понатаму се повлекувале.

Тајната очигледно се крие во морковот, односно во неговите благодети и антиканцерогени својства. Каротенот, кој е главна состојка на морковите, е заслужен за спречување на развојот на клетките на туморот.

Откако оздравела, Ен ова свое искуство го пренела пишувајќи книга, со цел сите да дознаат за истото за да им помогне на заболените.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma