15-годишна девојка не ја сокрива тагата за договорената свадба со 32-годишен маж

popara4 септември, 20152min00
9

Секој ден десетици илјади неполнолетни девојки присилно стапуваат во брак, честопати со мажи кои се доволно возрасни да им бидат татковци или дедовци. Наместо свадбата да е среќен почеток на брачен живот, за нив тоа е тажен настан, кој неретко е проследен со семејно насилство, рана бременост и силување.

Алисон Џојс ја фотографираше договорената свадба на тинејџерка која беше присилена да стапи во брак со маж кој е двојно повозрасен од неа.

Наместо да ужива во својата младост и да го продолжи своето образование, 15-годишната Насоин Ахтер беше присилена да го прифати бракот со 32-годишниот Мухамед Хасамур Рахман. На фотографиите направени во Бангладеш се гледа како несреќната и на моменти исплашена девојка се подготвува за свадбената церемонија.

 

Семејството ја бања Насоин на денот на нејзината свадба.

03

04

Насоин „позира“ за свадбените фотографии без насмевка на лицето.

06

07

32-годишниот младоженец Мухамед Хасамур Рахман со својата идна сопруга.

 Мусамат Ахи Ахтер (на фотографијата) била омажена лани на 13 години.

12

Бракот на неполнолетни лица е незаконски во Бангладеш, но никој не се труди да го почитува законот. Роднините на младите невести им плаќаат на матичарите за да ја сокријат вистинската возраст на девојките. Лошата вест е што се планира нов закон кој ќе дозволува брак на девојки на 16 години, само во специјални услови (ако таа е бремена или ако тоа е желба на нејзините родители).