
Дали вие некогаш сте се нашле во ситуација да го изневерите партнерот? Или пак потајно сте го посакале тоа, или не можете да заспиете навечер мислејќи на своето злодело, но се тешите дека сам си го заслужил.
Да видиме на кој начин вашиот партнер би можел да го предизвика тоа… Мажи внимавајте.
Недостаток на страст
Монотонијата на сексуалниот живот полека ја убива хемијата во врската. Искрата само жари, а незадоволениот сексуален нагон прави вашите очи да шараат наоколу. Не сте вие виновни, таква е природата. Еволуција и борбата за опстанок. Па така од зад аголот ќе се појави некој алфа мажјак кој ќе ви го размрда тлото под нозете, и ќе ве претвори повторно во секси разгорена самоуверена 20 годишна девојка. Страста бргу ќе ви го зашемети умот и ќе ве одведе во неговиот кревет. Следното утро работите ќе се нормализираат и вие, доколку имате и не така лоша врска, најверојатно ќе си ги кубете косите како можевте да потклекнете пред страста на тој странец или пак како можеше да ве заведе желбата за одмазда, но злосторот веќе е сторен, а казната неизвесна.
Осаменост
Недоволното внимание во една врска може да ве натера да го побарате на друго место она што не го добивате од својот партнер. Партнерот во последно време се поретко ви дели некој комплимент за да се почувствувате убаво и посакувано. Одеднаш од некаде ќе се појави некој маж кој ќе се труди да биде секој миг со вас, ќе ве опсипува со комплименти и цвеќиња или пак случајно ќе наидете на поранешното момче, кое во овој миг и не ви изгледа така лошо. Набргу емотивната празнина ќе се пополни со емоции од непознат човек, а неретко ќе заврши со сексуална авантура.
Поради одмазда
Можеби најчесто простувате, но не заборавате, а за моќта на потсвеста имаат говорено и пишувано многу филозофи уште од античките времиња. Па така трагот од партнеровото неверство без разлика колку сакате да го избришете од вашиот ум останува цврсто врежан во него од преголемиот стрес и разочарување. Повреденото его на една жена може да сруши мостови кои таа самата ги градела многу години. Немањето излез од оваа ситуација на агонија, но и на љубов која не ви дозволува засекогаш да заминете од него, ве фрла во прегратките на друг маж желни за одмазда.