34 клучеви за анализа на ситуации кои произлегуваат во животот

popara26 август, 20151min00
22

Oва се 34 клучеви за анализа на ситуации кои произлегуваат во животот:

1. Надворешното е аналогно на внатрешното.

2. Сличното привлекува слично.

3. Започнете да обрнувате внимание на она што се случува околу и внатре во вас.

4. Ако забележувате нешто наоколу и тоа предизвикува одредени мисли и емоции, следствено, тоа е присутно во вас, и треба да извлечете од ситуацијата некаква лекција.

5. Ако нешто не ви се допаѓа во другите, тоа е затоа што присуствува и во вас.

6. Ако избегнувате нешто, зад тоа се крие болка и страв.

7. Кога правите нешто правете го размислувајќи на секој детал.

8. Ако имате желба да избегате од некаде, размислете зошто воопшто сте таму.

9. Откако ќе завршите со некој важен потег, не се обвинувајте, туку анализирајте сè што се случило пред, за време и после тоа, вклучувајќи ги и вашите мисли, чувства и предчувства, и извлечете лекција од ситуацијата.

10. Ситуацијата се создава од вашите мисли и блокади.

keys_to_life_by_smilesareprettyy-d5i11b2

11. Блокирањата се сето она што треба да го научиме и разбереме за светот.

12. Ако паѓате неколку пати во една иста и непријатна ситуација, време е за промени.

13. Вие сте причината зошто нешто ви се случува.

14. Не се обидувајте да го промените светот или луѓето околу себе, прво променете се себе. Кога се менувате себе, ќе се променат и луѓето околу вас, а потоа се менува светот.

15. Ако си велите на себе си и другите дека веќе сте се промениле, не сте се промениле воопшто.

16. Ако се убедувате себе си и околните дека немате никакви проблеми – животот ви е хаос. Тоа е маска. Токму затоа треба внимателно да се погледнете.

17. Не се обидувате да го решите проблемот, доколку само се жалите и се самокритикувате.

18. Кога ви недостасува нешто што сакате да го имате, тоа значи дека или не го сакате или немате сериозна намера да го имате. За да се добие нешто дефинитивно, јасно замислете што сакате. Научете како да да го обликувате кристалот на мислата и да превземете логични чекори. Доколку не ви успее, веднаш решете се од желбата. Не се живее од илузии.

19. Никогаш не мислете дека луѓето можат да ви дадат нешто, или дека сакате да добиете нешто од нив. На овој начин ја губите својата атрактивност.

20. Заборавете на својата мисија да биде силен. Вистинската сила е во љубовта и вниманието кон себе и околината.

keystopassion

 

21. Мажот станува слободен и способен да дејствува, кога жената љубејќи го, одбива да го поседува.

22. Сфатете го тоа што сакате да го имате, а не она што не го сакате.

23. Изобилството не доаѓа од фактот дека не ви се допаѓа да живеете во недостиг.

24. Вниманието ви е канал на кој енергетските текови ја негуваат мислата. По мислата следува творечката енергија.

25. Негативните емоции го носат само она што не го сакаме.

26. Соништата и фантазиите се мерка за потенцијалот.

27. Имагинацијата ве води надвор од ограничувањата и го ослободува потенцијалот.

28. Ако си повторувате постојано дека вашите соништа не се реални, никогаш нема да ги постигнете – освен ако навистина не се.

29. Гледајте на парите и материјалните предмети не од гледна точка на задоволство на сопствените потреби, туку како инструмент за самоспознание, самоизразување и реализација на својот потенцијал.

30. Фокусирајте се на она што сакате да го имате, а не на она што не го сакате. Многумина не знаат точно што сакаат, но точно знаат што не сакаат.

31. Ако не можете да поверувате во можноста за нешто, никогаш нема го имате.

32. Поседувањето на благосостојбата не е толку важно, како што е самиот процес на нејзино постигнување.

33. Научете да креирате просперитет во животот – тоа е процес на растот.

34. Дојдовте на овој свет за да го проширите умот и да собирате искуство…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag