Од глава не ви излегува ниту неговиот лик, ниту вашата омилена песна, ниту местата на кои што одевте заедно. Не сте ниту прва, ниту последна којa поминува низ тој тежок период после раскинувањето.
Но сепак треба да останете доследна на себе и да си ги забраните овие четири сценарија за вашиот поранешен партнер.
Не му се јавувајте секој пат кога ќе помислите на него!
Доколку на секои 7 минути низ вашата глава поминува вашиот поранешен нема да бидеме загрижени, тоа е нормално бидејќи има толку многу работи кои ве потсетуваат на него. Можеби песната со која ви ѕвонеше тој на телефон, некој подарок од него, последниот филм кој го гледавте заедно или жената во ресторанот до вас која го порачува неговото омилено јадење.
Но ако на секое помислување на него го барате на телефон, тоа ќе биде вистинско демнење и лудило.
Не ги споделувајте вашите емоционални драми на Фејсбук!
Иако можеби мислите дека постирате и пишувате кодирано, сите знаат точно за што зборувате. Статусите како „се се случува со причина“ или „некои луѓе не вреди ни да се спомнат“ и слично, прават да изгледате како да не сте продолжиле понатаму, а и дека нема да го сторите тоа во блиска иднина.
Не барајте утеха во друг маж!
Знаеме дека не сте навикнати да не бидете дел од двојка, но прво дозволете му на телото да се олади бидејќи само така ќе имате добри шанси вашата наредна врска да потрае.
Не пробувајте да бидете „само пријатели“ веднаш!
Откако раскинавте, немојте веднаш вие да бидете иницијатор за пријателство со вашиот поранешен партнер. Не е лошо да останете добри пријатели, но почекајте прво да ја разбистрите вашата глава.