Есента е годишно време во кое светлите маички и фустанчиња ги заменуваме со топли џемпери во земјени и неутрални нијанси.
Но покрај облеката треба да ги сменете и кармините кои ќе ги носите оваа есен. Доколку сакате да експериментирате и не се плашите од храбри избори, ви предлагаме да го направите тоа со мала промена на карминот.
Наместо „голите“ усни, нанесете темно виолетов кармин или пак кафеава нијанса, баш како сувите есенски лисја.
1. Циклама розова
2. Темно сина
3. Портокалова
4. Кафеава
5. Темно виолетова