5 работи кои НИКАКО не смеете да ги правите кога ќе раскинете

popara4 јуни, 20151min00
14

Раскинавте. Се чувствувате скршени. Можеби тој или таа беше љубовта на вашиот живот. Можеби и не. Сега веќе не можете да знаете. Можеби се разделивте како пријатели. Можеби и не. Но едно е сигурно, сега повеќе не сте заедно и сигурно имало добра причина за тоа. Раскинувањата се тешки, понекогаш толку тешки што можат да не поттикнат да направиме работи со кои се изненадуваме самите себеси. Но во сета таа тага која не обзема, важно е да запаметиме што никако не смееме да правиме кога ќе раскинеме.

НЕ се јавувајте и НЕ праќајте пораки

Без разлика дали вие сте го откачиле, или ве откачил, најлошото нешто кое можете да го направите е да продолжите да контактирате. Барем некое време. На пример, ако некој ви раскинал, голема е веројатноста дека сте повредени, и дека голем дел од вашата болка доаѓа од чувството на беспомошност. Природно, вашата прва реакција е да се обидете да ја задржите личноста (која не заборавајте ВЕ откачи!) што подолго и поблиску до себе. Запрете. Дишете длабоко. Единствениот начин да си ја вратите моќта е преку моќта на тишината и воздржаноста. Кога се водите од негативните емоции што и да кажете ќе направи да се чувствувате уште поранливи и послаби. Отстапете, одолејте и на потребата за контакт и вашата сила и реален поглед кон ситуацијата се повеќе ќе ви се враќа. Потоа ќе си бидете благодарни самите на себе.

Ако пак вие некому сте му раскинале, можеби мислите дека е во ред да проверите како вашиот поранешен партнер се држи и дали е добро. Ваквото ваше однесување може да испрати погрешна порака и само да му ја продолжи болката и периодот на соочување со ситуацијата. Бидете мудри, воздржани и држете се до вашата одлука. Ако пак мислите дека сте направиле грешка, тогаш убаво размислете пред да го направите следниот чекор.

НЕ слушајте љубовни песни

Добро познат факт е дека љубовните песни ги поттикнуваат хемиите во вашето тело кои веќе копнеат по она што неодамна го изгубиле. Наместо да ви биде подобро, љубовните песни само ќе ја засилат болката на вашето скршено срце.

НЕ паѓајте веднаш во прегратките на некој друг

Прашајте се себеси дали сте навистина подготвени да сакате некој друг? Без разлика на причината поради која сте раскинале, вам ви треба време поминато сами со себе за да можете да ја оплачете и прифатите „смртта“ на вашата претходна врска. Наместо да ја криете болката така што веднаш ќе се впуштите во ново љубовно сценарио, погрижете се за себе. Ако не го направите тоа, „демоните“ од старата врска кога тогаш ќе се вратат по вас. Од друга страна пак, впуштањето во нова врска веднаш откако ќе заврши старата е едно од најболните нешта кои можете да му ги направите на поранешниот партнер. Дури и ако навистина заслужил да биде повреден, обидете се да го третирате како што би сакале да ве третираат вас. А што се однесува до новиот љубовник, дали навистина мислите дека сте подготвени да се дадете себеси целосно? Најверојатно не, па повторно запрашајте се како би се чувствувале вие кога би започнале врска со некој кој не може да ви се предаде?

НЕ обидувајте се да ги одржите врските со неговото семејство и пријатели

Ако сте станале вистински пријатели со пријателите на поранешниот партнер, тогаш во ред е и понатаму да се дружите. Сепак, барем на кратко, обидете се да оставите малку простор во целата ситуација. Повторно, ова откажување ќе ве направи посилни. Од другата страна пак праќањето пораки на неговите пријатели или повикот за одење на кафе со неговата мајка може да го иритира вашиот поранешен партнер. Воедно, дружењето со луѓе од неговиот „свет“ може да ја ви одржува раната отворена. Дадете си време да закрепнете.

НЕ го демнете онлајн

Сите сме го правеле ова и сме зажалиле. Проверувањето на неговиот Инстаграм профил на секои 30 минути, следењето колку нови пријатели има и кој што му лајкнал на Фејсбук е лизгав терен на кој секако ќе паднете. Фокусирајте се на вашиот живот, тука и сега. Сигурно ќе ви биде поинтересно од неговиот статус на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *