60 дена консумирал само здрава храна: Резултатот ќе ве шокира!

popara1 мај, 20151min00
21
Австралискиот актер Дејмон Гемау одлучил да спроведе прилично екстремен експеримент за да покаже колку “здравата“ храна всушност е нездрава. Тој 60 дена ги јадел сите оние намирници кои инаку се карактеризираат како здрави и нискомасни – овошни сокови, овошни јогурти, цереали и спортски пијалоци.

Веќе после неколку недели со ваква исхрана, полна со скриени шеќери, добил масти на црниот дроб, се здебелил неколку килограми и почнал да се чувствува летаргично и нервозно.

Дејмон, пред овој експеримент поминал три години избегнувајќи производи кои содржат дополнителни шеќери, но поради овој експеримент повторно почнал да ги јаде. Имено, тој од исхраната ги исфрлил сладоледите, слатките и газираните сокови, кои очигледно содржат многу шеќери. Но, затоа почнал редовно да конзумира нискомасни производи, кои по правило имаат многу повеќе додадени шеќери.

Ако мислевте дека шолја цереали со овошен јогурт и чаша овошен сок се идеални за здрав доручек, Дејмон со својот пример ќе ви објасни зошто тоа не е вистина. Тој овие 60 дена ги забележал во филмот „That Sugar Film”.

„Шеќерот се наоѓа во 80% од храната која ја јадеме, но со оглед на тоа дека владее константа конфузија околу неговите ефекти… ми требаат конкретни одговори“, објаснува тој во филмот.

Човекот во просек, во текот на денот внесува 40 лажички шеќер, а за тоа не е ни свесен. Тоа е четири пати повеќе од препорачаната дневна доза. Дури и ако не јадел сладолед или не пиел газиран пијалок, после само неколку недели „здрава“ храна на која е назначено дека има намален процент на маснотии, тој почнал да ги чувствува негативните последици од додадениот шеќер.

Докторот му рекол дека добил масти на црниот дроб, а се проценува дека само во Австралија повеќе од шест милиони луѓе патат од ова пореметување. Застрашувачки е податокот дека само секој илјадити го добил ова пореметување од алкохол, а кај сите други е поради проблем во исхраната.

Исто така, почнал да се чувствува летаргично, успорено, раздразливо и тврди дека не се чувствувал сит иако ја внесувал истата количина на калории. Еден од психолозите во неговиот филм објаснува дека шеќерите и тоа како влијаат врз психата, и дека стануваме нестабилни ако конзумираме премногу шеќер.

Друг експерт предупредува дека воопшто не е важно во каков облик доаѓа шеќерот и дека сите шеќери се подеднакво опасни. „Сите шеќери, без разлика дали се бели, жолти или од овошно потекло, имаат ист ефект врз вашето здравје“, нагласуваат експертите.

Иако Дејмон во текот на тие 60 дена јадел само храна која е опишана како „здрава“, тој добил 10 центиметри вишок околу струкот, а докторот му кажал дека со ова темпо на исхрана би станал дебел.

„Нискомасниот јогурт и муслите, цереалите, овошните сокови и спортските пијалоци… ова се работи кои секој родител би му ги понудил на своето дете, мислејќи дека прави вистинска работа“, објаснува Дејмон.

https://www.youtube.com/watch?v=8vsoq8mVICo

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma