7 најважни работи при купување на телефон!

popara10 септември, 20151min00
6

Купувањето на нов мобилен телефон не е лесна одлука. Посебно што на располагање ни се три платформи и илјадници модели.

Прво, одредете со колкав буџет за нов мобилен телефон располагате, бидејќи колку пари, толку музика. Следната ставка е изборот на производител, а потоа изборот на модел.

Кога ќе дојдете до изборот на модел, обрнете внимание на следново:

  • Екран
  • RAM
  • Процесор (евентуално графика, доколку сте љубител на игри)
  • Верзија на софтвер (важно за Android)
  • Квалитет на изработка
  • Камера
  • Гаранција

Да тргнеме по обратен редослед

Гаранција

Доколку купувате нов уред, мора да добиете едногодишна гаранција, а некои производители нудат и премиум и дури четиригодишна гаранција. Убаво е да се знае дека сте заштитени од дефекти.

Камера

Бројот на мегапиксели не треба да биде приоритет при одлуката за избор, туку техничките спецификации, односно отворот на блендата, количината на светлина која сензорот ја добива, големината на сензорот, како и оптичката стабилизација.

Квалитетот на изработка

Некој повеќе внимава на својот уред, некој помалку, но факт е дека со тек на времето ќе преживеат сè и сешто. Изберете телефон од квалитетни материјали. Размислете и за уред кој е отпорен на вода, на прашина, на удари. Доколку не внимавате премногу на уредот, тогаш купете и маска или футрола со новиот телефон.

Верзија на софтверот

За Windows Phone ова и не е толку битно, бидејќи кога тогаш сите модели ја добиваат последната верзија на софтвер или некој “feature pack”, но е многу важно за Android – секогаш бирајте телефон со последната актуелна верзија на софтвер, посебно ако купувате производ од помалку познат бренд за кој не се знае дали воопшто ќе добие некаква надградба.

Процесор

Не одете под четиријадрен Qualcomm Snapdragon 200/400 или неговите конкуренти од ист ранг, со не помалку од 1.2 GHz.

RAM

Во Windows Phone сегментот одете на еден гигабајт, бидејќи така сигурно нема да има мака со сите достапни апликации, а кај Android важи правилото колку повеќе,толку подобро. Сепак, долната граница нека биде исто така 1 GB.

Екран

Екранот во кој ќе гледате десетици или стотици пати на ден , нека не биде ништо помалку од IPS и новите матрици од овој тип. Исто така, погрижете се да има некаква заштита од гребење (Dragon Trail, Gorilla Glass…), а резолуцијата по можност нека биде HD.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag