Припадничките на понежниот пол кажуваат дека изгледот не е најважниот фактор кај мажот. Како што тврдат, некои други работи се многу поважни од тоа колку ви е телото затегнато. За што се работи?
Луѓето во долги врски знаат дека сексуалната желба може привремено да се изгуби, но, дури и да не сте во долга врска, вреди да ги примените овие совети.
1. Кога ќе си дојде уморна од работа, а вие, без да ви рече, сте го исчистиле станот, сте зготвиле храна и сте ја пречекале со букет цвеќиња во рака.
2. Кога за време на гледање на некоја телевизиска програма на омилениот кауч, изненадно, ќе почнете со масажа на нејзините стапала без да го тргнете погледот од екранот.
3. Кога заедно чекате во ред, а вие изненадно ќе почнете да и ги масирате рамената. Изненадните масажи секогаш ќе го зголемат проток на крв во нејзините вени.
4. Кога ќе ја изненадите со внимателно смислен план за состанок или патување, кој самостојно сте го испланирале до последниот детал.
5. Кога ја фалите пред нејзината фамилија.
6. Кога изненадно ќе и пријдете од зад грб додека нешто прави и ќе почнете да ја бакнувате по вратот.
7. Кога сте доволно самоуверен, така што не ви е потребно константно ласкање за вештините во кревет.