Уметницата Јулија Козерски беше актуелна пред 3 години, кога изгуби 70 килограми за период од една година, а процесот на слабеење го забележа со фото материјали.
Со тогашниот проект, таа успеа да добие симпатична физичка фигура и емоционална трансформација, која доаѓа со задоволството кое се чувствува кога успевате да влезете во сè помал конфекциски број.
Но, овој пат таа одлучила да започне нов фото проект наречен „Половина“, со кој таа го проследува сето тоа што се случува позади сите тие „пред и после“ фотографии на кои секојдневно им се воодушевуваме.
Откако Јулија одлучила да си го промени животот, намалувајќија својата телесна тежина за 70 килограми, многумина во нејзината околина претпоставувале дека таа конечно е среќна. Но, во позадината на тие пофалби и позитивни коментари, Јулија признава дека поминувала низ емоционално страдање, заради кое се одлучила за овој нов фото проект.
Серијата автопортрети која ја направила е сурова и го прикажува начинот на кој таа се менувала. Јулија одлучила со светот да го сподели секој вишок кожа и секоја стрија.
Покрај искрениот приказ на ваквата екстремна загуба на килограми, Јулија сакала да ги покаже и чувствата кои ги криела дури и од нејзиниот сопруг.
– Верувам дека најзапоставениот аспект на слабеењето е оној емоционалниот. Сите се фокусираме на изгледот и бројките, а не на тоа како личноста се чувствува. Мислам дека токму оттаму потекнува стигмата и срамот, открива Јулија за Cosmopolitan.
– Низ броењето калории, внимание за тоа што јадев, контролирање на порциите и вежбањето, успеав да симнам 72 килограми. И додека искрено верував дека мојот труд ќе вроди со плод и ќе ме претвори во совршената личност од соништата, реалноста е многу поинаква, навела таа во воведот.