8 причини зошто мажите изневеруваат и како да ги спречите во тоа

popara29 мај, 20151min00
17

Зошто мажите изневеруваат? Верувале или не, не се работи секогаш за секс. Едно истражување открило дека половина од мажите кои биле неверни, тоа го направиле бидејќи жените не им посветувале доволно внимание. Само 7% од испитаниците рекле дека изневериле поради тоа што чувствувале страст за некоја друга личност. Дознајте кои се најчестите причини за изневерување и како да го спречите вашиот партнер да го направи тоа.

1. Не се чувствува доволно привлечно

„Се чувствував како мојата жена престана да мисли дека сум привлечен. Таа цело време ми приговараше за сѐ и секојдневно ми кажуваше како ѝ биле одвратни моите навики“ – вели Мартин.

Ставете се на негово место и размислете како би се чувствувале доколку партнерот ве спореди со некоја филмска ѕвезда и направи да се чувствувате неатрактивно. Значи, однесувајте се со вашиот партнер како тој да е единствениот совршен за вас и тој ќе ви остане верен.

2. Мисли дека лесно ќе му простите

За некoи мажи, недостатокот од грижа на совест, е сѐ што им треба за да бидат неверни. „Жена ми никогаш не ми приговараше доколку требаше да останам на работа до доцна навечер, или ако отидам со пријателите да гледам фудбал кога ни е годишнина.“ – вели Стефан.

Совет: Дури иако тој знае дека ќе му простите, поставете некои граници и така и двајцата ќе знаете каде е линијата.

3. Неговото его е уништено

Понекогаш лошото искуство може да предизвика тој да се чувствува како да му е прегазено егото, па најверојатно ќе бара утеха надвор од врската или бракот. „Мојата жена е прекрасна, но после 6 месеци невработеност, морав секој ден да ја гледам како оди на работа. Се чувствував ужасно и ми требаше некаков излез. Или пиев, или утехата ја барав кај друга жена.“ – вели Александар.

4. Вашите чувства не му се приоритет

Петар признава: „Не ми беше доволна една жена“. Неговата афера траела со години, сѐ додека неговата жена не му кажала колку лошо се чувствува поради неговото однесување. „Самиот на себе си бев приоритет, а тоа ја повреди личноста штоја сакав најмногу на свет.“ – вели Петар.

Неговата жена го натерала да сфати дека доколку нејзините чувства му бидат приоритет, тогаш работите ќе се сменат. Таа била во право. Петар престанал да ја изневерува и таа му простила.

5. Престанува да ви биде важен

Константната презафатеност може многу лесно да направи тој да заборави колку ви значи. Не дозволувајте тоа да се случи. „Кога почнавме да живееме заедно, секогаш заемно мислевме на нашите чувства. Знаев дека тоа нема да трае долго, но по неколку години почнав да се чувствувам навистина лошо, бидејќи бев 10-та точка по ред на нејзината листа на приоритети“ – вели Теодор.

Причината за неговото изневерување е дека тој чувствувал сексуална привлечност за друга личност бидејќи чувствувал дека ѝ е поважен на таа личност отколку на жена му.

6. Лут ви е, но не сака да зборува за тоа

„На местото кадешто работам, секоја година се организираат предновогодишни забави, а на жена ми ова ѝ е втора година по ред да ме остави сам со колегите. Знаеше дека тоа ми значи, но, сепак, не го промени мислењето. На крај завршив со една колешка која исто така беше дојдена сама. Се случи само еднаш, но никогаш не ѝ кажав за тоа на жена ми, но сѐ уште се чувствувам како идиот“. – вели Ненад.

Бидејќи ниеден од вас не чита мисли, важно е да имате отворена комуникација и да си кажете еден на друг што ви смета.

7. Се чувствува потценет

Иако вашиот сексуален живот е добар, давањето на комплимети ќе го направи уште подобар.

„Имсв 6-месечна афера со жена која правеше да се чувствувам како да сум на небото“ – вели Бојан. Тој иако ја прекинал аферата, сѐ уште посакува неговата жена да му покаже колку го цени.

8. Константно го обвинувате за неверство

„Уште од нашиот меден месец жена ми цело време ми зборува дека сум бил сомнителен и дека ја изневерувам. Знаев дека тоа го мисли поради тоа што нејзиниот татко имал афера, но што има тоа врска со мене? Константното обвинување ме нервираше, па еден ден навистина ја изнверив“. – вели Кристијан.

Доколку не му верувате на вашит партнер, запрашајте се зошто е тоа така. Зборувајте со него за тоа што ви смета и прашајте го кои се неговите потреби. Не донесувајте пребрзо заклучоци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag