
Ако ви изгледа како вашето момче да не ви е целосно посветено, можеби тоа е така поради тоа што сè уште мисли на некоја друга. Ова особено може да биде случај ако таа врска завршила непосредно пред вие да ја започнете вашата. Вие заслужувате некој кој е 100 % фокусиран на вас, а не на својата претходна девојка, па прочитајте ги овие 9 знаци кои можат да укажаат на тоа дека тој сè уште не ја преболел поранешната девојка.
И го спомнува името… често
Момче кое постојано наоѓа начини да ја спомне поранешната девојка, веројатно сè уште ја нема преболено. Ако ја споменува случајно и понекогаш, тоа е сосема во ред, но ако нејзиното име постојано се појавува во вашите разговори и при тоа долго ви раскажува за нивниот заеднички живот, полузанесено, хм… можеби тоа крие некоја заостаната емоција.
Сè уште и е лут
Раните од поранешните врски тешко заздравуваат, но со тек на време, секоја рана треба да зацели. Понекогаш, иако врската е физички прекината, емоционалниот конфликт сè уште внатрешно постои. Ако тој постојано зборува за нејзините лоши страни, постојат шанси да се обидува да се потсети колку тој всушност не е вљубен во неа – бидејќи всушност е сè уште вљубен во неа.

Сè уште е тажен поради крајот на врската
Сосема е нормално по прекинувањето на врската да се биде тажен, но не е во ред тоа да трае и кога ќе влезеш во нова врска. Можеби вашето момче не е вљубено во поранешната девојка, но ако е континуирано несреќен поради тоа што се случило помеѓу нив, не ја ни преболел. Ако ова е случај, тогаш седнете и натерајте го искрено да разговарате за ситуацијата. Вие заслужувате здрава врска изградена врз здрави темели.
Уверен е дека таа е негова најдобра пријателка
Нема ништо лошо во тоа да си посакуваат среќен роденден, но ако се во постојан контакт, многу скоро откако раскинале, тоа веќе не е во ред. Возможно е поранешни љубовници да станат пријатели, но за тоа треба да помине време и двајцата треба да имаат изградено нов и стабилен живот, самостојно еден од друг.
Ако неговата поранешна девојка е првата личност на која и се јавува кога ќе му се случи нешто добро или нешто лошо, тогаш треба да разговарате.

Ве споредува со неа
Секако, добро звучи кога некој ќе ви каже дека сте подобри во нешто од неговата поранешна девојка, но ако навистина ја преболел, нема да има потреба да прави споредби. Ако постојано ви вели дека сте подобри од неа в кревет, в кујна, во спортовите, веројатно се обидува да се убеди самиот себеси дека вие сте многу подобри за неговата иднина.
Не се дружите со нивните заеднички пријатели
Кога сте во врска со некој, сакате да го споделите светот со него, а тоа значи и да ги споделите пријателите. Момче кое сè уште има чувства кон својата поранешна девојка, можно е да се обидува да оди на истите места каде што оделе заедно, или да оди и да се дружи во кругови, во кои може да налета на неа.
Близок е со нејзиното семејство
Дури и ако во текот на врската тој и нејзиното семејство биле блиски, по одредено време оваа поврзаност треба да престане. Ако тој сè уште оди на фудбалски напревар со нејзниот татко или ги посетува редовно, запрашајте го која е позадината на овие средби. Можеби тоа е начин на кој се обидува да ја освои повторно?

Нејзините работи се насекаде
Сосема е во ред момчето да зачува некои работи од поранешната девојка, но ако е опкружен со еден куп нивни заеднички или нејзини работи е малку чудно. Сепак, можеби е само мрзелив. Прашајте дали би ги спакувал во кутии или би нашол некој друг начин да се ослободи од реликвиите од својата стара врска. Ако одбива, тогаш веројатно сè уште не ја преболел.
Едноставно знаете дека не ја преболел
Верувајте и на својата интуиција. Ако „од внатре“ знаете дека вашето момче сè уште мисли на својата поранешна девојка и чувствувате дека не е целосно посветен на вашата врска, веројатно е така. Тој можеби не ве изневерува со неа физички, но емоционално вие не го добивате тоа што ви е потребно. А, емоционалната штета која ќе си ја нанесете ако продолжите да се вљубувате во човек кој не може да ви возврати со иста мера, е слична со онаа кога би биле во врска со човек кој ве изневерува.