
Британската старлета Џоси Канингем (25) која веќе има три деца, откри дека абортирала за да може да си го оперира носот.
Џоси на овој чекор се одлучила за да го оствари својот сон и да стане гламурозен модел и порно-актерка. Конечната одлука ја донела по консултации со неколку лекари кои и рекле дека не можат да и го оперираат носот поради бременсота, пренесува „Дејли мејл“.
– Веќе ги оперирав градите, но сфатив дека за успех во „индустријата за возрасни“ треба и убаво лице. Луѓето можат да ме мразат, но бременоста ќе ми ја уништеше шансата конечно да успеам. Следната година ќе позирам, наместо да бидам 9 месеци бремена и да лежам со отечени зглобови. Тоа е само моја одлука – рекла Џоси.
Џоси Канингем, инаку сопственичка на сајт за запознавање наменет за жените кои сакаат да забременат, е обележана како најомразена жена во Британија. Таа јавно се фалела дека преку здравственото осигурување добила вградување на силикони во градите (операција која таму чини 4.800 фунти), откако лекарите ги убедила дека е несреќна поради големината на своите гради и дека тоа и пречело во животот.
Исто така, преку здравственото осигурување добила и инјекции ботокс, а од локалните власти успеала да издејствува на нејзините деца да им се плаќа такси превоз до училиште во износ од 6.000 фунти. Минатиот октомври продавала карти за гледање на нејзиното трето породување во живо за неверојатни 30.000 фунти, но од таа идеја се откажала кога дознала дека ќе роди девојче.
Во мај годинава, по само еден ден добила отказ, бидејќи минувачите, поради негативниот публицитет, салонот за потемнување во кој работела, го мавале со јајца.